Едвард Сноуден бара азил во Русија

Поранешниот консултант на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден побара политички азил во Русија, соопшти неименуван претставник на руските имиграциски служби. Претседателот на Русија, Владимир Путин, во понеделникот изјави дека Сноуден е добредојден да остане, се додека не изнесува американски разузнавачки извештаи.
Претставникот на руските имиграциски служби. на аеродромот „Шереметјево“ потврди дека Сноуден синоќа поднел барања за политички азил во Русија. Молбата за политички азил на Сноуден биле предадена на руски дипломатски службеник од активистка на Викиликс.
– Потврдувам дека синоќа во 22 часот и 30 минути по московско време Британката Сара Харисон, активистка на Викиликс, ни ја предаде молбата на Сноуден. Откако ги известивме властите, курир дојде и ги зеде документите, наведе претставникот на руските имиграциски служби, Ким Шевченко.Претседателот на Русија на прес- конференција во Москва изјави дека Сноуден не е руски агент. Тој увери дека руското разузнавање не работи со американскиот бегалец за кого се претпоставува дека е во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“, осум дена откако пристигна од Хонг Конг. „Повторно тврдам дека тој не соработува со нас. Ние не работиме со него. Ако сака да остане тука, имаме еден услов, треба да прекине со активностите кои имаат за цел да влијаат на нашите американски партнери. Колку и несоодветно да звучи тоа од мене“, посочи Путин. Тој наведе и дека Русија никогаш, никого не екстрадирала и нема да екстрадира. „Во одредени случаи сме разменувале наши агенти и тоа под одредени услови“, наведе Путин.Поранешниот консултант на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден побара п

Пронајдете не на следниве мрежи: