Ефикасни решенија против првут!

Шампоните против првут можат да бидат ефикасно средство за решавање на овој многу чест проблем, но можат да направат и штета. Тие содржат многу агресивни хемиски состојки кои во одредени случаи можат да реагираат негативно на здравјето на луѓето. Затоа, подобар начин е да се одлучите за природни препарати со кои многу умешно можете да се ослободите од оваа појава. Маслиново маслоПомешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата.
Јаболков оцетЕден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон.
Алое вераСе препорачува 2-3 часа пред миење на косата, да ја измасирате главата со алое вера. Ова помага да се ослободите од првутот, а го зајакнува и коренот на влакната.
Камилица, мајчина душица и ловоров листКамилицата ја смирува осетливата и воспалената кожа, па токму затоа можете да земете три кесички чај од камилица и да ги ставите во 150 мл топла вода. Оставете ги да отстојат 10 минути во водата, а потоа чајот нанесете го на коренот на влакната и нежно масирајте. Пробајте и со лековитата билка мајчина душица, распоредувајќи 7 лажици сува билка во две шолји за чај полни со топла вода. Оставете ги покриени 10 минути, а потоа процедете го чајот и оставете го да се олади. Ловоровиот лист исто така може да ви помогне. Во 1 литар вода ставете цела шака ловорови листови и оставете го на оган убаво да зоврие. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и на чиста коса нанесете ја на главата. Косата замотајте ја во пешкир и оставете ја течноста да ви делува барем еден час. На крајот исплакнете ја косата со млака вода.Маслиново маслоПомешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и

Пронајдете не на следниве мрежи: