Многу жени имаат проблеми со влакненца на лицето, сеедно дали се работи за надусници, влакненца покрај увото, на линијата од вилицата како и влакненца на брадата.Проблемот со класичната депилација кога се работи за чувствителен дел како што е лицето е во тоа што потоа се јавуваат акни и црвенило.
Најлошо од се, влакненцата секогаш се враќаат, но затоа постои сосема природно решение, кое жените од Блискиот исток го користат со векови.
Се што ќе ви биде потребно е куркума (една лажичка), брашно од леблебија( две лажички) и малку млеко или јогурт.
Куркумата длабински ја чисти кожата, ги отстранува мртвите клетки и другата нечистотија од површината на кожата, ја поттикнува работата на лимфните жлезди и површинската циркулација на крвта, а поради противвоспалителното дејство, таа ги ублажува акните, го зголемува сјајот и природната pH вредност на кожата.
Куркумата можете да ја најдете во секој подобро снабден маркет или продавница за здрава храна, а брашното од леблебија можете да го направите и сами- во машинка за мелење кафе смелете ја леблебијата или купете во продавница за здрава храна.
Измешајте ги состојките, додадете малку млеко или јогурт за да добиете фина паста. Смесата нанесете ја на саканото место и оставете да делува 20 минути, односно додека не се исуши. Истријте со чиста памучна ткаенина во насока на растот на влакненцата. По третманот убаво измијте го лицето. Третираната зона можеби ќе биде малку црвена, но црвенилото ќе се повлече за брзо време поради противвоспалителното дејство на куркумата.
Овој третман повторете го 3-4 пати неделно во текот на месец дена, а резултатот е феноменален- влакненцата максимално се ретчат, истенчуваат, а на крај и трајно ги снемува.Проблемот со класичната депилација кога се работи за чувствителен дел како што е лицето е во тоа што потоа се јавуваат акни и црвенило.
Нај


