Ефтов: „Интервјуто на Заев во Канл 5 е пртходно испланирана работа…“Новинарот Васко Ефтов преку статус на својот Фекјсбук профил го прокоментира гостувањето на Заев на Канал 5 телевизија, како и целокупната политичка ситуација во Македонија.
Ви го пренесуваме во цлост статусот на Ефтов:
„Пред Нова година ви напишав дека Македонија ќе функционира како држава со два Рамковни договори. Еден меѓу Македонците и Албанците и еден меѓу власта и опозицијата. Во овој момент во Македонија улогата на опозицијата ја имаат странците. Кога опозицијата е слаба тогаш како „опозиција“ можат да се јават разни субјекти- медиуми, невладини организации или меѓународната заедница. Очигледно сега се проценило дека само меѓународната заедница е доволно силна да биде „опозиција“. Во таква ситуација меѓународната заедница не е повеќе посредникот туку втората страна во пржинскиот договор. И така некако пржински беше договорено вчерашното интервју на Зоран Заев. Го договорија и го донесоа во канал 5. секој кој малку од малку се разбира од медиуми му беше јасно дека новинарката читаше веќе однапред договорени прашања, а гостинот одговараше (читаше) веќе напишани одговорени прашања. Тоа би му дошло нешто како вовед во ин витро новинарство или ин витро пржинска слобода во медиумите. Тоа подразбира класично Хирошима и Нагасаки сценарио против малкумината преостанати македонски новинари со авторитет во јавноста. За тоа нема да се штедат пари. Уште во првата емисија на Контравести беше „нападната“ емисијата „Во Центар“. Вчера бевте сведоци кога повторно преку некаква мешавина на stend up comedy и нарачана К-15-тина на крајно мизерен начин беше исмевана емисијата Во Центар. За извршители на работите беа избрани новинари- едните кои ме прогласија за личност на гдината кога (принципиелно) се борев против затворањето на нивната А1 Телевизија. А вторите кои имаа најголема гледаност кога јас бев гостин во нивната емисија и потоа на нивните фејсбук профили изнакачија кавер фотографии сликани со мене. Ако. Секој прифаќа да го прави тоа што најдобро го знае. Ќе биде ова исклучително валкан период. Нема да биде толку тежој колку што ќе биде контаминиран од една новинарска и политичка мизерија. Ќе ми треба вашата поддршка. Но јас сум спремен за борба. Ниту имам намера ниту пак некогаш сум го фрлал копјето во трња. Кој сака нека повели. Тука сум. И ве чекам. Да сте живи и здрави и среќна Православна Нова Година“, напиша Евтов на својот профил.Новинарот Васко Ефтов преку статус на својот Фекјсбук профил го прокоментира гостувањето на Заев на Канал 5 телевизија, како и целокупната политичк