Ве молам да разберете една работа – ова не е инцидент, ова е систем. Систем на кој се работи долго време и кој сега се тестира во Македонија. Kатица е само формата или маската преку која сега дејствува тој систем. Потоа ќе биде заменета со посоодветна маска. Kога ќе дојде време. Но суштината на системот ќе остане нечепната, вели Васко Ефтов во разговор за „Дневник“.Во продолжение пренесуваме дел од интервјуто објавено во денешниот број на „Дневник“, во кое се вели дека весникот се решил да одговори на молбата на Ефтов испратена до две телевизии, а во која тој бара тие да му отстапат простор за да ја пофали Јанева, па потоа да добие вработување за неговата сопруга.
-Гледате што се случува кога класичен натуршчик ви станува главен политички фактор во државата. Тогаш го добивате Саше Политико во обвинителска ролја. И тоа личи на оние гротескни сцени од филмовите на Фелини каде што тој на еден фин италијански начин ја исмева реалноста во италијанската провинција. Во нашиот случај станува збор за класичен провинцијализам (како духовна, а не географска димензија од типот Скопје-остатокот од Македонија) и политички примитивизам во вршење на функцијата.
Јас повеќе пати сум кажал дека станува збор за одлично разработен систем кога избрани маргиналци преку ноќ ги промовирате во моќни играчи. И тоа после личи како на онаа сцена кога на Љубе Бошковски на стрелиштето во Маврово му дадоа да пука од пушкомитралез. Тие играчи потоа психолошки се форматираат дека се најсилни, најдобри, најмоќни и од Господ пратени да ја спасат Македонија.
Еден црпнат од Струмица, друга од Гевгелија, трет од некое друго место во Македонија. И кога тие луѓе ќе ги донесете до психолошка екстаза, дека ништо во државата не може да функционира без нив, тие тогаш стануваат наши локални копии на Kралот на сонцето или Луј 16 и затоа не гледаат ништо лошо во паролата „Државата – тоа сум јас“. Затоа едно евро оди за државата, а едно за Вицето. Затоа вработувањето на внукот не е непотизам бидејќи не е непотизам ако роднина си вработуваш во семејна фирма, а СЈО е токму тоа, семејна фирма на Јанева.
Д: Ама, добро сега, при толкава жртва што СЈО ја поднесува, еден внук можеби и не е голема работа?
– Проблемот е во тоа што кога сето тоа ќе се собере, ние добиваме ситуација кога целно се атакува на неколку клучни фундаменти на државата од страна на овие Бошко Буха-играчи кои се охрабрувани и во ѕвезди ковани и промовирани од цела булумента играчи кои се платени со Соросови или странски пари. Тие од нив прават херои и херојки и тие функционираат во тој создаден меур од сапуница. Го губат контактот со реалноста и почнуваат да создаваат своја или нова реалност.
Таа реалност подразбира две Македонии кои функционираат паралелно една со друга. Вистината што важи во едната Македонија е тешка лага во другата Македонија. Изборните резултати што важат во едната се тешка изборна кражба во другата Македонија. И тоа се тие две поделени Македонии на кои инсистира Фрчкоски пред две години. Тие две Македонии ќе бидат во конфликт и пред и по изборите. За да не бидат во конфликт, двете Македонии треба да бидат седнати во иста влада. Таа ќе се вика широка, концентрациона или најблиску до вистината – катица-јаневска влада. И така кругот се затвора.
За жал или за среќа, кредата со која се црта кругот на македонската земја е во рацете на граѓаните, а не во рацете на Kатица Јанева, иако јас сум сигурен дека во фазата во која се наоѓа Јанева за себе мисли дека е подобар сликар и од Пикасо и Дали заедно.
Д: Ако е само Јанева проблем, тој лесно се решава со смена. Но, дали е баш така?
– Токму тоа. Ве молам да разберете една работа – ова не е инцидент, ова е систем. Систем на кој се работи долго време и кој сега се тестира во Македонија. Kатица е само формата или маската преку која сега дејствува тој систем. Потоа ќе биде заменета со посоодветна маска. Kога ќе дојде време. Но суштината на системот ќе остане нечепната.Во продолжение пренесуваме дел од интервјуто