На ВМРО-ДПМНЕ многу полесно ќе му беше да ја минира работата на СЈО, доколку направеше коалиција со ДУИ, отколку во овој момент да ја прифати тоа да го прави како опозициска партија, изјави Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“.-Ако некој се плаши од СЈО, повеќе може да ја блокира работата на СЈО како власт или како опозиција. Ако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од СЈО, тогаш многу пологично е да направат коалиција со ДУИ и од позиција на власт да ја минираат работата на СЈО, отколку да не се договорат за нова влада поради СЈО, нема логика, изјави Ефтов
Гостин во емисијата на Ефтов беше Слободан Близнаковски од ВМРО Народна партија, кој што кажа дека за секоја одлука за понатамошниот мандат на СЈО е потребно двотретинско мнозинство. Ефтов смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема страв од СЈО, бидејќи доколку имаше страв многу полесно ќе направеше влада со ДУИ, со што немаше да дозволи структурата на СЈО да се претопи во Основното јавно обвинителство.
Ефтов се надоврза и на претставката за уставноста на СЈО која стои во фиоката на уставниот судија Јован Јосифовски, кој за време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ беше претседател на ДИК. Ефтов кажа дека се прават многу погрешни политички анализи околу улогата на СЈО, иако дефакто тоа е партиска институција, како што кажа тој.
-Уставен суд не расправа за СЈО, иако има претставка, иако таа претставка е кај господинот Јосифовски ако не се лажам, кој беше претседател на ДИК во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ. Значи тој како известител пред Уставниот суд може кога сака да го отвори тоа прашање за уставноста на СЈО, но не го отвара. Многу фама, многу баук се прави околу тоа СЈО, мислам дека многу погрешни политички анализи се прават околу улогата на СЈО, иако дефакто СЈО делува на некој начин партиски, изјави Ефтов.
Ефтов се надополни и на политизираноста на судството откако Близнаковски обвини дека политиката е вмешана во Уставниот и дека таму има малку правосудство. Ефтов спомена и дека политичар со најмногу судски постапки е токму лидерот на СДСМ, Зоран Заев, партија со која ВМРО НП сака да влезе во коалиција
-Како и секаде во државата знаете, не можеме да вадиме само камчиња од мозаикот кои нас ни одговараат, ако има политика има секаде во државата политика, во секое судство, во секоја судска постапка. На крајот на краиштата, политичар со најмногу судски постапки, не сме јас и вие, туку тој со кој треба да коалицирате, односно вие сакате да коалицирате, изјави Ефтов-Ако некој се плаши од СЈО, повеќе може да ја блокира работата на СЈО како власт или како опозиција. Ако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од СЈО, то