Постои сценарио за политички и безбедносни инциденти кои би требало да се реализираат пред или на самиот ден на изборите, предупредува новинарот и аналитичар Васко Ефтов во неговата последна емисија „Во Центар“ каде што ги анализира политичко-безбедносните предизвици во кои влегува Македонија во периодот пред претстојните предвремени парламентарни избори.Според Ефтов, спроведувањето на ваквото сценарио би значело влез во еден доста нестабилен политички процес по 11 декември.
-Тоа подразбира можно формирање на широка влада или можно барање, ако победи ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски да не биде новиот премиер. И таа политичка тензија треба да трае се до локалните избори и тоа дополнително да ја истошти Македонија да стане нестабилна и во еден клучен момент кога ќе се решаваат односите меѓу Америка и Русија, можеби и Турција, Македонија да биде доста кревка и доста нестабилна, и како таква да влезе во тие политички разврски на Балканот, анализира Ефтов.
Во контекст на развојот на сценариото за дестабилизација на државата, авторот на емисијата потсетува на две интервјуа од последните неделни. Првото интервју е на адвокатот на обвинетите во Диво насеље , Насер Рауфи, во кое, според Ефтов, дава индикативни, проблематични политички ставови, политички толкувања.
-Според него, целата таа група немала намера да прави дестабилизација на Македонија, туку всушност сакале да направат нешто слично како што било во Кондово пред многу години, односно тактиката била да се заземе територија. Практично неколку улици во тоа Диво насеље и на тој начин да се обезбеди терен, да се дојде до нов рамковен договор. А гледате дека Зоран Заев смета дека рамковниот договор не е свето писмо кое подлежи на политички корекции и промени. Тука се поставува клучно прашањето. Зошто ако некој сака да го менува Охридскиот рамковен договор не направи политичка партија туку купува оружје и сака да ја дестабилизира Македонија, прашува Ефтов.
Новинарот исто така потсетува и на изјавата на директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, од интервјуто за Република, во кое тој открива дека постоеле неколку обиди за ослободување на обвинетите терористи во процесот Диво насеље.
-На последните рочишта се забележани одредени знаци со кои требало да им се овозможи на тие луѓе или да бидат спасени или да може да избегаат од структурите на прогонот во рамки на Република Македонија. Па дури во одреден временски период од Битола, Прилеп или Скопје или таму каде што беа овие осуденици тие беа префрлени во охридскиот затвор и во еден временски период огромен број на полиција беше присутна во градот Охрид. Тоа покажува дека тука не станува збор за обични политички или безбедносни аматери туку станува збор за една политичка или терористичка групација која сакала на вистина да ја дестабилизира Македонија. Кога ќе ги споите овие две изјави и кога ќе го споите однесувањето на Заев доаѓате до одредена политичка композиција која укажува дека всушност во рамки на Македонија постоеле сериозни тенденции, обиди, намери да биде дестабилизирана државата. Тоа не се исклучува дека може да се случи на самиот ден на изборите или во постизборниот политички процес, предупредува Ефтов.
Постои едно политичко сценарио. Се надевам дека нема да биде реализирано, но треба да ги знаеме контурите на тоа политичко сценарио. Тоа подразбира одредени политички и безбедносни инциденти. Можеби пред изборите или на самиот ден на изборите. Тоа би значело влез во еден доста нестабилен политички процес по 11 декември. Тоа подразбира можно формирање на широка влада или можно барање, ако победи ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски да не биде новиот премиер. И таа политичка тензија треба да трае се до локалните избори и тоа дополнително да ја истошти Македонија да стане нестабилна и во еден клучен момент кога ќе се решаваат односите меѓу Америка и Русија, можеби и Турција, Македонија да биде доста кревка и доста нестабилна, и како таква да влезе во тие политички разврски на Балканот.
Според Ефтов, спроведувањето на ваквото сценарио би значело влез во еден доста нестабилен политички процес по 11 декември.
-Тоа подразбира