Зоран Заев бара алиби за пораз на изборите. Ова е ставот на новинарот Васко Ефтов кој рафално распали по Заев откако првиот човек на опозицијата излезе со изјава дека медиумите, а не ВМРО-ДПМНЕ, се главен политички противник на СДСМ.Новинарот Ефтов скандалозната изјава на Заев ја коментира како несреќна, но со цел да обезбеди алиби за пораз кој најверојатно СДСМ ќе го доживее на следните избори.
– Ако се каже дека најголемите медиуми во Македонија се главен политички противник на Зоран Заев, тоа значи три работи според мене. Како прво дека веќе се бара алиби за можен пораз на изборите и ќе видиме дали ќе има избори, бидејќи по мене ова е на некој начин вовед да се проблематизира одење на избори на 24-ти април идната година, вели Ефтов.
Како второ, смета новинарот, ако главен политички противник не е ВМРО-ДПМНЕ, туку се медиумите, или главните медиуми, тоа значи дека СДСМ на среден рок прифаќа да биде приврзок партија на ВМРО-ДПМНЕ или малцински политички партнер во влада на ВМРО-ДПМНЕ.
– И третиот факт, ако главен политички противник ви се медиумите, тогаш како може вие да објасните дека Вашите симпатизери и вашите гласачи десет пати повеќе ги гледаат тие медиуми, него вашите пријателски медиуми, заклучува Ефтов. Новинарот Ефтов скандалозната изјава на Заев ја коментира како несреќна, но со цел да обезбеди алиби за пораз кој најверојатно СДСМ ќе го доживее н