Новинарот и аналитичар Васко Ефтов во својата емисијата „Во Центар“ даде издржана и неутрална анализа за моменталното ситуација во земјата, поврзувајќи ги локалните избори со промена на името и сегашната економска ситуација во која се наоѓа Република Македонија, а која ја спроведува владата на СДСМ и Зоран Заев.Ефтов, рече дека: – Во наредниот период ќе се влезе во фаза на кршење на духот на македонскиот национализам или на македонскиот патриотизам. Прво ќе биде направено со спомениците во рамки на Република Македонија, каде што ќе се текстира до каде може да оди македонскиот патриотизам. На тој начин ќе се крши волјата на македонскиот гласачи, на македонскиот народ, на македонскиот електорат. Второто прашање всушност ќе биде прашање на дополнително осиромашување на македонските граѓани. Да се дојде до одредена точка кога задолжувањето, осиромашувањето на македонските граѓани ќе дојде до тоа рамниште кога тие самите ќе кажат па што ќе ни е името кога ние не можеме, нормално економски да живееме.
Ефтов, додаде дека овие два процеси кои треба да бидат споени во една точка од СДСМ, е за да се скрши духот на македонизмот. Тој констатираше дека правецот по кој што ќе се движи Република Македонија е ако може да се случување нов 27-ми април каде што дефинитивно ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отфрлена од играта на среден рок. Со што ќе се отвори простор Зоран Заев преку водење на ваква економска политика целосно да ги осиромаши македонските граѓани, а врз таа основа подоцна да биде решен проблемот со промена на името на Република Македонија.
Кога веќе доволно ќе биде осиромашен македонскиот граѓанин, некое ново реформирано ВМРО-ДПМНЕ да биде вратено на власт и да може да ја среди економската ситуацијата во Република Македонија како тоа што се случи во 2006 година, анализираше Ефтов.Ефтов, рече дека: – Во наредниот период ќе се влезе во фаза на кршење на духот на македонскиот национализам или на македонскиот патриотизам.