Водителот на политичката емисија „Во Центар“, Васко Ефтов, по неодамнешните изјави на лидерот на опозицијата кога најави двојазичност во повеќе македонски општини, вели дека Заев со тоа само сака да си обезбеди чесен пораз на изборите во декември за да ја зачува позицијата на чело на СДСМ.– Зоран Заев води класична Мендух Тачи кампања, односно да биде убедливо втор на изборите, а да не биде сменет од лидерската позиција во СДСМ. Затоа ги кооптира сите тие гласови кои би можеле некои бочни, гласачки контингенти да му донесат. Тоа не значи дека ќе победи на изборите, туку тоа значи дека би требало да има некој пристоен пораз кој ќе го остави на чело на СДСМ, бидејќи не треба да заборавиме дека него за 6 месеци го чекаат локални избори. Тоа е целата стратегина на Зоран Заев. Тој сака да си ги задржи своите традиционални или верни сдсмовски гласови и тука му оди малку тешко, вели Ефтов за ТВ Сител.
Тој додава дека однесувањето на Заев не е ништо ново на македонскта политичка сцена и дека и порано имало обиди за додворување кај албанското гласачко тело.– Зоран Заев води класична Мендух Тачи кампања, односно да биде убедливо втор на изборите, а да не биде сменет од лидерската позиција во СДСМ