Универзитетот ЕГЕ во Измир, Турција му додели награда на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски за комуникациски вештини во областа на мирот.Како што соопшти МНР, признанието му е доделено врз основа на избор од страна на 70% од анкетираните во рамки на специјализирано научно истражување спроведено од Универзитетот во областа на мировните комуникации и преговарачкиот стил. Во овој вид истражувања се вклучени повеќе од 50 амбасадори на европски и воневропски земји, како и повеќе студенти во областа на комуникациските вештини.
Наградата му ја врачи професорот д-р Билдехан Гултекин од Универзитетот ЕГЕ, кој денеска одржа предавање во рамките на Дипломатската академија при МНР на тема „Дипломатија базирана на мир, мировни комуникации и едукативен дијалог преку примерот на односите помеѓу Турција и Македонија“.Како што соопшти МНР, признанието му е доделено врз основа на избор од страна на 70% од анкетираните во рамки на специјализирано научно истраж