Египет воведува вонредна состојба за период од три месеци

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси прогласи воведување вонредна состојба во период од три месеци по вчерашните терористички напади врз коптски цркви, во кои загинаа најмалку 44 лица.– Ќе бидат преземени серија чекори, на прво место воведување вонредна состојба за период од три месеци, изјави вчера Ал Сиси во своето телевизиско обраќање.
Според египетскиот Устав, претседателот треба за период до една недела да побара одобрување од Парламентот. Законодавното тело сепак е под контрола на поддржувачите на Ал Сиси, кој раководи со земјата од 2013 година, кога го собори од власт исламистот Мохамед Морси.
– Ви се обраќам не како христијани и муслимани, туку како Египќани, нагласи претседателот.
– Терористите се обидуваат да го поткопаат нашето единство и потребно е да бидеме внимателни, за да ја заштитиме татковината, додаде тој.
Планирано е во Египет да биде создаден и Висок совет за борба против тероризмот и екстремизмот.– Ќе бидат преземени серија чекори, на прво место воведување вонредна состојба за период од три месеци, изјави вчера Ал Сиси во своето телеви

Пронајдете не на следниве мрежи: