Припадниците на етничката заедница на Египќаните во Охрид, кои , патем се втори по бројност, веднаш зад доминантниот Македонски народ, кој според наши интерни сознанија, ги има околу 7000 Египќани во град Охрид, полагаат силна доверба во актуелниот Градоначалник на Охрид, Др Никола Бакрачески,кој во половина од неговиот мандат , покажа што значи да се биде посветен и одговорен Градоначалник.Во таа насока одлучно се спротивставуваме на, за нас, неоснованите, тенденциозните, и неаргументираните коментари ,кои одат во насока на претпоставки, дека наводно екс градоначалникот на Охрид,Александар Петрески, и останатите, се уапсени,како би се сокриел наводниот неуспех, околу неможноста да се завршат ветените проекти од страна на Градоначалникот на Охрид, др Никола Бакрачески. Да не го заборавиме ноторниот факт,дека Охрид, е Општина со долг од над 50милиони евра. Но, и во такви околности, и на половина од мандатот, Др Никола Бакрачески, бележи видливи резултати.
Како лојални граѓани, имаме право да се запрашаме зошто , во текот на 8 годишното владеење , г динот Александар Петрески, не ги интегрира Египќаните во Охрид, иако свесен , дека согласно Член 59 од Законот за Локална Самоуправа, кое го цитирам:
Застапеност на заедниците при вработувањетo, во општинската администрација и во јавни служби кои ги основала општината ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност, на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници застапени во општината на сите нивоа, како и почитување на критериумите на стручност и компетентност, не презел соодветни дејствија да се испочитува , горецитираниот член. Ние, длабоко веруваме, дека , д-р Никола Бакрачески, кој важи за најголемиот ловист за Египќанското прашање, ќе го импементира чл.59 од Законот за Локална Самоуправа, и на тој начин, ќе обесправи една децениска неправда, во однос на Египќаните.Во таа насока одлучно се спротивставуваме на, за нас, неоснованите, тенденциозните, и неаргументираните коментари ,кои одат во насока на прет