Ракометарите на Металург ја потврдија втората позиција во Ц групата, во Лигата на шампиони, откако во 10.коло го победија Силкеборг со 32:18 (18:14).Натпреварот немаше резултатско значење, бидејќи Металург по саботниот пораз на Горење го обезбеди второто место во Ц групата.Ракометарите на македонскиот шампион неоптоварени од резултатот, одиграа меч за публиката, осбено тоа важи за вториот дел кога на противникот му дозволија да постигне само четири погодоци.Козлина со седум, односно Вугринец и Мојсовски со по шест голови беа најефикасни играчи на Металург.По комплетирањето на последното коло познати се осмина финалистите од Ц групата – Киелце, Металург, Горење и Силкеборг.Металург како второ пласиран во осмина финалето за противник ќе има некоја од третопласираните екипи во групите А, Б или Д (Чеховски Медведи, Атлетико Мадрид или Динамо Минск).
МакфаксИзвлекувањето на осмина финалните двојки ќе се случи во вторник, во Виена, во седиштето на ЕХФ.Ракометарите на Металург ја потврдија втората позиција во Ц групата, во Лигата на шампиони, откако во 10.коло го побед