Европската Комисија (ЕК) со особено внимание го следеше судскиот процес за убиените демонстранти на 21 јануари пред две години во Албанија, изјави за албанската ТВ станица Top Canel, Петер Стано портпарол на комесарот за проширување на ЕУ Штефан Фуле.Стано рече дека ЕК бара доверлив судски процес, бидејки во земјата треба да функционира правниот систем.„Ние очекуваме доверливо и објективно судење во Апелациониот. Ние баравме целосно завршување на судскиот процес. Сега треба да престане поларизацијата на процесот“, нагласи портпаролот на Фуле.Деновиве судот за тешки кривични дела во Тирана ги ослободи двајца гардисти кои беа обвинети за убиство на четири демонстранти на опозицијата. Процесот сега е пред Апелациониот суд.САД остро реагираше на одлуката на судот во Тирана, а слична беше и реакцијата на другите странски дипломати во Албанија. Експерти на ФБИ кои беа вклучени во истрагата посочија двајца гардисти кои пукале кон убиените на 21 јануари 2011 година.Опозицијата оцени дека судот е целосно исполитизиран и работи под контрола на Владата на Сали Бериша.
Макфакс Европската Комисија (ЕК) со особено внимание го следеше судскиот процес за убиените демонстранти на 21 јануари пред две години во Албан