ЕК: Хан смета на широк политички консензус околу интеграцијата во ЕУ

Од Европската комисија денеска излегоа со дообјаснување и појаснување на вчерашната изјава на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, дадена при настап пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), каде порача дека е потребен „широк политички консензус за иднината на Македонија“, јави дописникот на МИА од Брисел.Портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич, денеска со изјава која дава до знаење дека првиот човек за проширување на Европската унија не барал создавање на широка владина коалиција, туку на коалиција околу стратешките цели на Република Македонија, што пред се е интеграција во Унијата.
            
– Комесарот Хан мислеше на потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција за земјата да може ефикасно да се справи со многуте предизвици. Спроведувањето на итните реформски приоритети, договорот од Пржино и решавање на билатералните прашања бараат силна посветеност на сите политички партии, посочи портпаролката Коцијанчич.
            
Гласноговорничката на Еврокомисијата уште поподробно го објасни очекувањето кога станува збор за „широк политички консензус“:            
– Сите главни политички партии се за реформската агенда за ЕУ и се согласуваат дека патот кон ЕУ е стратешка цел на земјата. Ако тие работат заедно кон оваа заедничка цел, тие ќе имаат де факто уставно мнозинство, што е важно на патот кон еворпската интеграција, заклучи Маја Коцијанчич.
 
Со овој став, Европската комисија ги тргна од себе обвинувањата за обид за вмешување во преговорите за создавање владина коалиција и обвинувањата дека инсистира на широка владина коалиција во која ќе бидат вклучени сите политички партии застапени во македонското Собрание. Од Брисел, исто така, посочуваат дека се очекува набрзо да се формира Владата на Република Македонија, која ќе се посвети на сите важни прашања за државата со кои општеството брзо ќе се извлече од лимбо состојбата до која доведе две и полгодишната политичка криза. Портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич, денеска со изјава која дава до знаење дека првиот човек за проширување на Европската унија не барал создав

Пронајдете не на следниве мрежи: