Во замена за употребени пластични шишиња учениците ќе можат да добијат бесплатни влезници за два забавни настаниПакомак заедно со здружението на граѓани Центар за креативен развој – ЦКР, Зоолошката Градина – Скопје, Град Скопје, Универзалната Сала од Скопје, како и директорите, професорите и учениците од скопските средни училишта, Македонија Експорт и други. најавуваат низа на настани под насловот „Најдобрите за чиста околина“ .
Еко проектната иницијатива започнува со два забавни настани и тоа на 24 мај, 100 ученици кои со себе ќе донесат 10 употребени пластични шишиња ќе добијат бесплатен влез во Зоо градина, каде од 12 часот ќе се организира„ Еко пикник“. Додека на 26 и 27 мај за 3 употребени пластичниични шишиња сите заинтересирани ученици ќе можат да добијат по една влезница за „Арт& Театар за чиста околина“.
Општата цел на проектот е квалитативна промена на свеста на скопските млади, најмлади и нивните блиски преку конкретни креативни ангажмани, подигнување на свеста за екологијата и животната средина и воопшто квалитативно менување на подобро, на генералниот систем на вредности кај младите.
Поимот рециклажа на младите во еко иницијативата НАЈДОБРИТЕ за чиста околина – 2014 им дава слобода на младите преку културата и уметноста – дизајн, театар, музика, филм, фотографија, цртежи и слики, мода и танц да ја допрат екологијата и животната средина и поддржат акцијата на ПАКОМАК за еко-свесност и собирање на искористената пластика. На овој начин се иницира првиот чекор кон рециклажата и повторното препородување на веќе употребената пластика.
Еко проектната иницијатива започнува со Најдобрите за чиста околина – Еко пикник/ ЗОО градина Скопје – мај 24 и Арт & Театар за чиста околина / Универзална сала – Скопје – мај 26 & 27 – 2014г, а следните месеци истата иницијатива ќе продолжи плански да се организира, развива и презентира пред граѓаните на градот Скопје на различни креативни и оригинални начини. Пакомак заедно со здружението на граѓани Центар за креативен развој – ЦКР, Зоолошката Градина – Скопје, Град Скопје, Универзалната Сала