Хуго Чавез е исклучен од апаратите

Loading...

Поранешниот амбасадор на Панама во Организацијата на американските држави, Гиљермо Кочес, изјави во средата по локално време дека поседува доверливи информации, според кои кај претседателот на Венецуела, Уго Чавез уште пред два месеца била утврдена мозочна смрт, а деновиве тој бил наводно исклучен од апаратите за вештачко дишење.

 Во интервју за колумбискиот телевизиски канал NTN24, амбасадорот Гиљермо Кочес изјави дека минатата седмица Чавез бил донесен од Хавана во Каракас, бидејќи кубанските власти не сакале да го исклучат од апаратот за вештачко дишење.
„Претседателот, најверојатно, е исклучен од апаратите за одржување во живот, пред четири дена”, изјави панамскиот дипломат.
Според Кочес, мозочната смрт кај Чавез била утврдена на 30-ти декември. Според него, можено е објавување на нови претседателски избори во Венецуела „денес или утре”. Притоа тој беше толку убеден во своите зборови, што всушност ги предизвикуваше венецуелските власти, предлагајќи им да се обидат да ја демантираат оваа информација.
„Јас ѝ предлагам на владата на Венецуела да докаже дека лажам, едноставно прикажувајќи го Чавез”, нагласи Кочес.
Чавез изминатите два месеца ги мина на лечење на Куба, по онколошкиот хируршки третман, за кое време ниеднаш немаше емитувани телевизиски снимки од неговото опоравување. Минатата седмица ненадејно тој беше пренесен од кубанската престолнина Хавана во татковината, каде што беше хоспитализиран во воената болница во главниот град Каракас, а претходно властите објавија негови фотографи од медицинскиот центар на кои е фотографиран со неговите ќерки. Кочес овие докази ги нарече монтирани.
Кочес инаку беше разрешен од функцијата амбасадор на Панама во ОАС во јануари годинава, кога си дозволи слобода да ја критикува организацијата во врска со согласнота со решението на властите во Венецуела да ја одложат церемонијата на полагање заклетва и преземање на претседателската должност во вториот мандат од страна на Чавез, на која според уставот треба лично да се појави.
Макфакс
 
Поранешниот амбасадор на Панама во Организацијата на американските држави, Гиљермо Кочес, изјави во средата по локално

loading...