ЦСИ: КИБЕР е најновата серија од франшизата ЦСИ, која на Pickbox пристигнува ексклузивно на 25.7. и се занимава со една многу актуелна тема – криминалот кој започнува на интернет, а завршува во реалниот живот. Во ЦСИ: КИБЕР, драмска серија инспирирана од напредната технолошка работа на киберпсихологот Мери Ајкен, игра актерката наградена со „Оскар“, „Еми“ и со „Златен глобус“, Патриша Аркет. Специјалната агентка Ејвери Рајен (Аркет) му се придружува на одделот на ФБИ кој се занимава со киберкриминалот и со нелегалните активности што најпрво се одигруваат во главите на луѓето, а потоа и во виртуелниот свет, за на крајот да заживеат во реалноста.Освен популарната Аркет, во ЦСИ: КИБЕР ќе го видиме и Џејмс ван дер Бик, кого имавме можност да го гледаме во тинејџерската серија „Светот на Досон“.
Најактуелната ЦСИ серија
Веќе се уверивме дека ЦСИ на своите гледачи им ги нуди само највозбудливите криминалистички приказни во кои публиката ужива веќе цели 15 години. ЦСИ: КИБЕР е серија која се занимава со актуелни теми, а поради нејзиниот брз ритам и одличната актерска екипа цело време ќе посакувате да гледате уште.
Разликата помеѓу ЦСИ: КИБЕР и другите серии ЦСИ
ЦСИ: КИБЕР е поинаква од другите полициски драмски серии бидејќи се занимава со криминалот на кој е тешко да му се влезе во трага. За разлика од детективите кои ги истражуваат темните улички, протагонистите на оваа серија се соочени со темните делови на интернетот каде криминалците се анонимни, а сѐ може да се постигне буквално со еден клик.
Главната актерка Патриша Аркет одговори дека ЦСИ: КИБЕР многу се разликува од другите серии ЦСИ затоа што тука се работи за современиот криминал. „Тоа го прават криминалци, а ние како јавност не сме ни свесни на што сѐ се способни. Мислам дека е морничаво, возбудливо и застрашувачко да откриете за што се работи, а интересно е и нешто да научиме“, рече Аркет.
Вистинско време за серија за киберкриминалот
Живееме во време на интернетот и сѐ повеќе ќе бидеме соочени со криминалот кој своите корени ги има баш во виртуелниот свет, кај што работите потешко се надгледуваат и контролираат. Актерот Џејмс ван дер Бик, кој игра разведен агент на ФБИ и поранешен војник, смета дека серијата не можеше подобро да биде темпирана. „Секој ден читаме како некој нешто хакирал или пробил во некој систем на интернет. Научивме како да откриеме од кој пиштол е испукан куршум, да земеме и да идентификуваме отпечатоци од прсти, да реконструираме злосторство и да го најдеме виновникот со помош на традиционални форензички техники, а сега ја применуваме истата стручност и врз киберкриминалот“, рече Џејмс.
Патриша Аркет и Џејмс ван дер Бик се одлична актерска двојка
Миленикот на жените, Џејмс ван дер Бик и оскаровката Патриша Аркет се совршена актерска двојка. Јасно се гледа нивната хемија на екранот, а Патриша за Џејмс имаше само пофални зборови: „Многу е згоден, има изглед на ѕвезда од филмските класици. Со него се чувствувате безбедно. Тој е добра личност. Создаде убедлив лик и сѐ во врска со него е позитивно“, откри Патриша.
ЦСИ: КИБЕР ја продуцираше ЦБС во соработка со Џери Брукхајмер. Извршни продуценти на серијата се: Керол Менделсон, Ен Донахју, Ентони Цуикер, Пем Визи, Џери Брукхајмер и Џонатан Литман. Си-Би-Ес Студиос Интернешанал е дистрибутер на серијата во странство.
Наминете на Pickbox и дознајте каде започнува криминалот на новото време. Научете да спречите за да не мора да лечите!
Освен популарната Аркет, во ЦСИ: КИБЕР ќе го видиме и Џејмс ван дер Бик, кого имавме можност да го гледаме во тинејџерската серија