Порталот PhoneArena успеа да добие 3 фотографии кои се наводно од новиот Galaxy S5 Prime, наследникот на популарниот Galaxy S5. Да погледнеме што не очекува идниот месец…Новиот телефон се нарекува и „премиум“ верзија на Galaxy S5, со тоа што ќе ни нуди 5,2 инчен QuadHD екран на допир со резолуција од невНовиот телефон се нарекува и „премиум“ верзија на Galaxy S5, со тоа што ќе ни нуди 5,2 инчен QuadHD екран на допир со резолуција од неверојатни 2560 x 1440 пиксели, но и алуминиумско куќиште наместо пластичното на претходникот. Samsung со ова се надева дека ќе може подобро да им конкурира на LG G3 и HTC One M8.
Освен овие две подобрувања, новиот модел би поседувал и моќен Snapdragon 805 процесор, кој е значително помоќен од Snapdragon 801 моделот вграден во претходникот. Заедно со новиот процесор не очекува и нова Adreno 420 графичка, како и 3GB RAM наспроти 2GB на оригиналната верзија.
Дознајте повеќе на gsm.mk
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.