Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски иако промовираше жесток став за бојкот, се покори и реши да оди на локални избори.
Немаше никаков договор за предвремени парламентарни избори, ниту пак одложување на локалните, па денес СДСМ заедно со својот лидер потклекна и реши да оди на престојните локални избори.
Пратениците на СДСМ ќе се вратат во Собранието, а Црвенковски не остана ниту на својот став дека нема да учествува во Комисија која ќе одлучува за настаните во Собранието кон крајот на декември, по предлог на Иванов.
Како што веќе им беше понудено, ќе биде одложен и рокот за доставување на кандидатските листи.
Црвенковски денес 3 часа седеше на заедничка маса со еврокомесарот Филе, а ниту еден час со претставници на власта. Од тука е јасно кому му било извшено притисок и чии ставови Европа ги смета за правилни.
На средбите било договорено и да се потпише заеднички меморандум за евроинтеграции.
За постигнатиот догоовр за надминување на политичката криза информираше и претседателот Ѓорге Иванов кој изрази задоволство од позитивниот однос на лидерите и од власта и од опозицијата.
Во однос на точките со кој е постигнат договор, известувачот во Европскиот Парламент, Ричард Ховит рече дека е постигнат договор да се поддржат стратешките приоритети на државата, да се врати нормалниот политички живот, односно и двете партии да се вратат во парламентот, да се подобри фукнционирањето на парламентот, вклучително и формирање на анкетна комисија која што ќе одлучува за случувањата на 24-ти декември.
Исто така ќе бидат воведени изборни реформи со целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Ховит посочи дека било одлучено да се даде време сите партии да ги формираат своите листи на градоначаници и советници, а веднаш по изборите власта и опозицијата да се сретнат и да ги договорат сите детали околу евентуалните предвремени парламентрани избори.Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски иако промовираше жесток став за бојкот, се покори и реши да оди на локални избори.