Важи за еден од најпозитивните, најхаризматичните и секако, еден од најуспешните стилисти за коса. Љубовта и посветеноста кон оваа професија го прават успешен, а доказ за тоа се задоволните клиенти кои секојдневно со насмевка го напуштаат неговото студио. Креативноста, квалитетот и врвната услуга кои ја нудат Бубе и тимот на Бубе Студио Ин, ги прави едни од најдобрите.
Пулс24.мк ја имаше честа да направи ексклузивно интервју со Бубе Студио Ин и да ни одговори на неколку прашања:
1. Од каде произлезе љубовта кон оваа професија?
„Убавината на жената, нејзината сензуалност и желбата да од тоа се извлече максимумот беше она пресудното што ја разбуди во мене љубовта кон оваа професија.“
2. Што најмногу сакате во вашата професија?
„Насмевките на задоволните клиенти се секогаш она што ми е главна инспирација за да продолжам да работам во темпо веке 20 години. А кога станува збор за техничкиот дел, шишањата и трансформациите на моите клиентки ми се она што најмногу ми дозволува да уживам и да се препуштам комплетно во работата.“
3. Постојат ли лоши страни во оваа професија?
„Како во секоја професија така и во оваа има лоши страни, но за моја среќа тие се губат во однос на добрите страни…добрите преовладуваат.“
4. Постои ли фризура по кои сте препознатливи?
„Фризура по која сум препознатлив…Сметам дека еден фризер стилист не би требало да е препознатлив, сметам дека треба да шара по стиловите, да е секогаш различен, иновативен, неповторлив и креативен…единствено нешто по што смееш да си дозволиш да бидеш претпознатлив е само КВАЛИТЕТОТ :)“
5. Какви фризури најмногу сакате да правите? Класични, гламурозни, необични или пак екстравагантни?
„Трендовите секогаш налагаат различни стилови, уживам во изработката на секој од нив но ако морам да издвојам тоа би биле романтичните фризури кои се апсолутен хит почнувајки од најгламурозните настани како доделување на Оскари, свадби, матурски итн.“
6. Кои се трендовите на фризури за ова лето?
„Како трендови и оваа година таласите си го држат првото место во било која форма пуштени, полусобрани итн.“
7. Што би им препорачале на клиентите кои сакаат драстична промена на фризурата?
„Клиентите кои сакаат драстична промена покрај потшишувањето во некоја тренди форма, ги препорачуваме разните техники на нијансирања и шатирања како што се балајаж, омбре, сомбре, пиксел, 3D, итн.“
8. Летниот период е сезона на венчавки. Какви фризури би им препорачал на идните невести?
„Точно, сезоната на венчавки е во полн ек…советот е секогаш насочен првенствено кон тоа што би прилегал на контурите на лицето на самата невеста во склоп со невестинскиот фустан и шминката и секако она во што таа би се чуствувала најпријатно и своја. Морам да ги пофалам невестите сè повеќе ги има кои доаѓаат со свои идеи, сè повеќе знаат како сакаат да изгледаат и во заеднички договор на крај добиваме одлични фризури.“
9. Која е најдобрата маска или третман за коса која Вие ја нудите во вашето студио и кои производи ги препорачувате?
„Во нашиот салон “Бубе Студио Ин” постојат широки палети на маски, третмани и производи за нега на косата на нашите ценети клиентки. Се препорачуваат различни во зависност од типот на косата. Како нешто што е најново, а воедно и′ покажува одлични резултати, би ги издвоил Ботокс на коса, Кавијар, Кератински третман, Хидра третман, Ултрасоник третман и многу други.“
10. Кои се вашите совети за здрава и негувана коса? Имате ли некои совети до кои секоја личност би требало да се придржува и што препорачувате за опоравување на оштетената коса?
„Совети секогаш има, нормално идат во правец на типот на косата, но секоја жена мора да ја поседува најпрво основната нега за косата, а тоа се соодветни шампон и маска, додатоци како ампули, повремени третмани и најосновното е потшишувањето на секои два месеци.
Она што посебно би сакал да го нагласам е тоа дека веќе е и сезона на летни одмори и дека посебно треба да се внимава и на нега на косата од јакото сонце како и солените морски води кои дополнително ја сушат косата и доведуваат до оштетувања. За таа цел препорачувам и дополнителна козметика за вашите коси кои се со UV заштита. Во нашиот салон имаме и широка понуда на такви препарати меѓу кои има и такви кои се на природна база.“
11. Знаеме дека работите со многу јавни личности. Можете ли да издвоите некои како најомилени клиенти?
„Во Бубе Студио Ин доаѓаат личности од најразлични профили…естрада, политичари, доктори, правници, економисти итн….сите ми се подеднакво драги и секој од нив остава некаква енергија која што го прават нашето студио за пријатно место за разубавување, а често спомнато од клиентите и како место за опуштање и релаксација за што лично јас и целиот тим сме им бескрајно благодарни.“
12. Која е тајната на вашиот успех?
„Тајната на успехот на Бубе Студио Ин е првенствено во љубовта кон она што го работиш, а потоа во посветеноста на работата која се состои во посета на разни семинари, обуки, усовршувања, саеми итн.“
13. Кои се вашите најголеми достигнувања со кои најмногу се гордеете?
„Моја најголема гордост е се поголемиот број на задоволни клиенти кои го посетуваат Бубе Студио Ин.“
14. Имате ли желби за во иднина?
„Желби секогаш постојат, тие всушност се и најголемиот двигател кон успехот. Нив ќе си ги сочувам, а кога ќе се остварат и сами ќе бидете сведоци на нивното остварување.“
15. За крај…Што би ги советувале младите фризери кои се во потрага за успех во оваа професија?
„Советот до сите млади фризери е да го следат секогаш својот инстикт, да ја работат оваа професија со огромна љубов и секогаш кога се во можност да ги пратат сите саеми, обуки, семинари за да бидат во тек со најновите трендови.“
Новинар: Катерина Инчевска
Интервјуто е ексклузивно за Пулс24.мк и истото не смее да се презема без дозвола од страна на Пулс24.мкКреативноста, квалитетот и врвната услуга кои ја нудат Бубе и тимот на Бубе Студио Ин, ги прави едни од најдобрите.
Пулс24.мк ја имаше чест