Ексклузивно интервју со Ноне: „Ме бркаа проститутки низ Амстердам“

Loading...

Дали почна да ви недостасува слатката велешанка Ноне? Доколку е така, ви предлагаме да го прочитајте интервјуто во продолжение, кое Ноне го даде ексклузивно за Пулс24.1. Веќе подолго време те нема на естрадата. На што се должи тоа?
Едноставно не сакав повеќе да бидам дел од циркус. А и финансиски не се исплати да бидеш пејач…за да бидам само позната и да ме има по тв, не благодарам, чао пријатно 🙂
2. Дали во скоро време може да очекуваме нова песна од Ноне?
Ај да не велам никогаш 🙂 за сега немам желба…

3. Со оглед на тоа дека последниов период многу патуваш, ќе ни откриеш ли кои места според тебе вреди да се посетат?
Јас сум личност што многу брзо се здосадува, без разлика што и да правам и колку и да сум била ентузијастична на почеток, ако понатаму не се случува ништо различно или нешто ново, толку, се префрлувам на нешто ново…Затоа до сега имам многу работи започнато и недовршено . Ама затоа чекорот што го направив и одлучив да започнам со работа на  брод, мислам дека ми го смени животот. Таму никогаш не може да ми биде досадно… секој ден нови места, и секоја недела нови патници, различни муабети… а не како тука, ќе седам и ќе трачарам аууу косава ми се крева :/ едноставно се затупавуваш… туку да се вратам на прашањето 🙂 Секое место е убаво на свој начин. Би ги издвоила, Фуншал Португалија, Ајацо француска општина, Аликанте Шпанија, Варнемунде Германија, Ашдод Израел.
4. Дали на некое од тие патувања Ноне се заљуби?
Ако кажам не, ќе лажам.

 

5. Како реагираш на шегите кои ги измислуваат луѓето во врска со твојата висина?
Не реагирам, обично моите другарки и другари реагираат 🙂 Некогаш знаеме и да се насмееме заедно. Не сакам да звучам нарцисоидно, ама јас многу си се сакам каква сум!
6. Планираш ли да се вратиш да живееш во Македонија?
Каде ќе ме води патот и срцето таму ќе живеам!

7. За крај, ќе можеш ли да ни ја раскажеш најлудата авантура која си ја имала?
Хмм… па не знам колку е луда, ама мене срцето ќе ми излезеше од страв кога ме бркаа проститутки низ Амстердам затоа што сликав со камера :)… како да не им се допадна тоа хаха… Сите знаат дека red -light district е најголема туристичка атракција таму и како да не сликам, како!? 🙂  плус оти беше забрането, уште толку ме тераше да сликнам 🙂
Поздрав од мене
Останете  ми во добро здравје, јас продолжувам со моето патување…
П.С. кој сака бујрум на круз, може ќе ме сретнете во duty free shop во одделот за парфеми и козметика.1. Веќе подолго време те нема на естрадата. На што се должи тоа?
Едноставно не сакав повеќе да бидам дел од циркус. А и фи

loading...
Loading...