Важи за еден млад и талентиран дечко со неверојатен глас, харизматичен изглед и неверојатна насмевка.Тимот на Пулс24.мк му се заблагодарува на издвоеното време посветено на овие прашања и искрениот одговор на секое од нив. Нам не ни останува ништо друго освен да му посакаме уште поголем успех во она што го работи и секако, да му посакаме уште многу хитови.
Пулс24.мк: Од каде најмногу ја црпиш инспирацијата кога ги пишуваш песните?
Виктор: Има еден извор на инспирација кој никогаш нема да пресуши, се вика живот. Секоја ситуација, секој момент, без разлика добар или лош, почнувајќи уште од детството, носат различна емоција и сите тие емоции се поттик за некаква приказна. Е сега има луѓе што сакаат да ги раскажуваат тие приказни во живо, има такви и што не сакаат никој да ги знае нивните патешествија, а јас своите емоции секогаш ги пренесувам на хартија, а потоа, здравје боже и на CD.
Пулс24.мк: Кое е твоето најголемо достигнување со кое се гордееш?
Виктор: Па, колку и да звучи глупаво, достигнувања имам многу и се гордеам сосите нив. Последно големо достигнување е наградата за „Најдобар сценски настап“ на Макфест 2015. Претходно мојот прв албум „Во моите сни“ кој го направив сам, без ничија помош, пред тоа први места на државни и меѓународни натпревари и т.н.
Пулс24.мк: Постојат ли досегашни грешки во твојата кариера за кои се каеш најмногу?
Виктор: Грешки постојат секогаш, но јас не ги сфаќам грешките како нешто што би можело да се избегне или нешто катастрофално без кое животот би бил поубав. Напротив, грешките се вистинскиот пат, бидејќи тие го градат нашиот карактер и не прават тоа што сме. Да, можеби кога би ја одел истата патека, некои карти би ги изиграл поинаку, но никогаш не би скршнал од патот, затоа што знам што сакам, што сакам да бидам и да постигнам и скала по скала, полека но сигурно, си се изградувам себе си. И не, не се каам за ништо.
Пулс24.мк: Со кои од познатите светски музички имиња би сакал да снимиш дует?
Виктор: Со сите! Јас не судам никому за тоа каков стил на музика прави или како се облекува и однесува, не ги гледам така луѓето. По тоа прашање сум ептен уметник. Ја обожавам музиката во секоја нејзина форма и секој артист пренесува некакво чувство дури и да е песна од два збора, така што, кога би имал шанса да снимам дует со било кој од светската сцена, би снимил.
Пулс24.мк: Кои се твоите идни планови што се однесува до музичката кариера?
Виктор: Во моментов привршувам со една нова песна од која имам големи очекувања и за која за брзо време ќе биде снимен и видео запис и ќе излезе во етер. Кога точно – сè уште не знам, ама работам на тоа да биде што побрзо. После неа до нова година имам во план да извадам уште една – две песни за кои сè уште не знам дали ќе имам видео запис, па здравје Боже до година да најавам уште еден албум.
Пулс24.мк: Кога ќе ја имаме честа да слушнеме нешто ново на музички план?
Виктор: Па се надевам новата песна и спот ќе бидат готови до крајот на месецов. Работам на тоа со полна пареа за да ги завршам што поскоро и да ви подарам ново хитче.
Пулс24.мк: Кој е твојот совет до сите оние кои допрва се обидуваат да ги направат првите почетоци во музичката кариера?
Виктор: Па, како човек кој сам си ја гради кариерата, мислам дека нема по адекватна личност за давање на совети на младите идни ѕвезди. Мој прв совет би им бил: „Никогаш да не се откажуваат!“, затоа што до целта стигнуваат оние што и покрај се продолжуваат да трчаат, оние што застануваат и се откажуваат на секоја препрека без разлика дали е мала или голема, никогаш нема да го дочекаат аплаузот на целта. И сега тука би додал „Внимание“, затоа што ако не се внимателни можат да изгорат многу брзо. Сите ние знаеме дека „нож во грб“ не може да ти забие некој што е далеку од тебе т.е. што не е до тебе, туку токму оние што ти се најблиску.Затоа внимавајте со кого соработувате и што правите затоа што животот е навистина прекраток за да се троши на непотребни лажни ликови. За повеќе совети ве молиме обратете се на мојата фан страна.
Пулс24.мк: За прв пат во нашата земја, Дурекс има свој Амбасадор. За оние кои не знаат, тоа си Ти. Која е твојата улога и твоите активности во оваа кампања?
Виктор: Мојата улога е прилично едноставна. Јас бев избран како Амбасадор кој може најлесно и најбрзо да допре до ушите и очите на младите, како би ги едуцирал на оние, најнезгодни теми за кои не би прашале дома. Нормално,во денешно време е прелесно да се дојде до информација, но сепак, друго е кога некој што го гледаш, слушаш, познаваш па и почитуваш, ти ја пренесе информацијата. Тогаш ја примаш поинаку, отколку кога ќе ја прочиташ на интернет, бидејќи додека читаш на интернет, некој ти пишува на фејсбук, некој на твитер, па гледаш слики на инстаграм, па играш игри, и до крајот на денот, сето тоа што си го видел на компјутерот или мобилниот се соединува т.е. се брише од меморијата бидејќи сето тоа се повторува секој ден. Автентичноста на нашата порака е она што ги тера слушателите да ја прифатат едукацијата и уште побитно, да ја разберат.
Пулс24.мк: Прашање на кое веруваме дека сите девојки со нетрпение го очекуваат одговорот: Дали Виктор е заљубен? Постои ли девојка која го има украдено неговото срце?
Виктор: Сите знаат дека бев ограбен уште пред 4 години. А и крадецот го знаатмногу добро. Арно ама, после толку време, пред неколку месеци таа одлучида ми го врати срцето. И притоа испадна ептен добар другар, па од тојмомент наваму, другаруваме. :)Пулс24.мк: Од каде најмногу ја црпиш инспирацијата кога ги пишуваш песните?
Виктор: Има еден извор н