Како што дознава „Пулс24“ од извори во навивачката група, група членови на „Комити“ ќе бидат дел од натпреварот од 1/8 од Лигата на Шампионите меѓу фудбалските европско-светски гиганти Галатасарај и Шалке 04.
Веќе познато е дека навивачките групи на Шалке и Вардар се „збратимени“, па имаше гостувања од едната, па и од другата страна.
Неофицијално, за групата која ќе патува за Истанбул, обезбеденo е сместување и карти за мечот, сето тоа го обезбедила навивачката група на Шалке.
Натпреварот се игра на 20.02.2013 (Среда) со почеток од 20,45 часот во Истанбул на „Турк Телеком Арена“, според нашите информации групата „Комити“ за Истанбул ќе тргне на 18.02.2013 (Понеделник).
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Како што дознава „Пулс24“ од извори во навивачката група, група членови на „Комити“ ќе бидат д