ЕКСКЛУЗИВНО: Студентка во Бразил до детали ги раскажува случувањата на протестите

Протестите во Бразил и понатаму траат и секој ден се се помасовни, поради револтот на граѓаните за огромната сума на поторшени средства од страна на владата за организирање на Светското првенство во фудбал кое треба да се одржи следната година во Бразил. 
До новинар од редакцијата на Пулс24 пристигна писмо од студентка во Бразил која учествувала на овие протести во понеделникот вечерта во еден од најопасните градови во Бразил, Сао Паоло. 
Во прилог прочитајте го интегралното писмо од студентката во Бразил, која детално го опишува секој момент додека била на улиците во Сао Паоло: 
„Решив да протестирам бидејќи навистина сум изреволтирана од моменталната ситуација во мојата земја и поради несовеста на Владата да крати од основните потреби на граѓаните за да може да фрли оргомна сума на пари за организација на настан како што е Светското првенство во фудбал. 
Отидов на најпрометната улица во Сао Паоло и бев сведок на огромна маса на народ од градот која излегла да го покаже својот револт и да побара совесност од Владата. Имаше огромна колона на полицајци кои беа вооружани од глава до пети и како да чекаа момент кога ќе се судрат со протестантите. 
Сите извикуваа „Без насилство“!!, кој е слоган на протестите поради стравот на граѓаните да не се случи истото како на протестите во Турција. Се беше мирно, кога во еден момент некаде околу 19:30 часот големата маса на народ се раздели во две поголеми групи, каде што едната група се упати кон плоштадот Largo da Batata. 
Заприметив и дека околу 10 полицајци се откажаа од својата должност и во истиот момент и се придружија на групата, бидејќи и тие како граѓани не се согласуваат со сегашната полиција. Не бев свесна што се случи кога слушнав кршење и вриштење на жени. Тогаш и полицијата почна да реагира и ги употреби своите водени топови. Никој не е свесен дека водените топови се толку силни што може да го убие човек на лице место. Гледав како мажи и жени паѓаа на земја. Сите почнаа да бегаат. Некои од протестантите гневни се спртиставуваа на полицијата со фрлање на шишиња, камења и најразни тврди предмети. 
Почнав да бегам во непознат правец бидејќи полицијата тргна кон групата со цел да фатат и уапсат што е можно поголем број лица. Не сакав да бидам една од нив, па почнав да бегам во непознат правец. Слушав сирени од полициски возила кои доаѓаа кон нас. Некои од полицајците испука и неколку куршуми во воздух. 
Тие моменти беа толку хаотични што само бегав и сакав да си одам дома за да спасам жива глава од целата ситуација и да не се најдам во бројката на неколкумина повредени таа ноќ“. Протестите во Бразил и понатаму траат и секој ден се се помасовни, поради револтот на граѓаните за огромната сума на п

Пронајдете не на следниве мрежи: