Ексклузивно за Пулс24: Лила и Мелита – мета на електронски криминал

Loading...

Ова е навистина најбезобразен начин на исполнување на нечии болни амбиции на сметка на нечиј углед и дигнитетКога луѓето сакаат да наштетат некому тоа го прават и во виртуелниот свет скоро исто колку и во реалниот. Меѓу 900.000 профили во Македонија се и лажните профили на Лила и Мелита кои изминатиов период беа многу активни во сајбер просторот.
Електронскиот криминалец кој не си ги знае границите е лицето И.З(25) веќе познат на оштетените, кој ги направил лажните профили толку реални скоро идентични како и вистинските, поставувајќи лични податоци и фотографии. За да е катастрофата уште поголема претставувајќи се како нивен најголем другар, самиот си коментирал на свои и туѓи фотографии во нивно име.
Деновиве дури и бил на кафе со Анета Наковска, која поверувала во неговата игра, прифаќајќи го како пријател на Мелита и Лила.

 Лила за Пулс24 изјавува:
– „А што да ти кажам освен дека сум згрозена…не можам да замислам како го злоупотребил профилот и моето име . Не само што лајкувал и коментирал на сопствени слики и на слики на куп други луѓе тој најдрско се допишувал во мое име и со луѓе кои ги познавам и кои не ги познавам. Во некои пораки бил и безобразен и вулгарен нешто што јас себеси не би си го дозволила особено што знам дека секоја порака може лесно да заврши на интернет. Ова е навистина најбезобразен начин на исполнување на нечии болни амбиции на сметка на нечиј углед и дигнитет“.
– „Не е прв пат да направат мој лажен профил, но олку безобѕирно и бесрамно никој не се дрзнал да го користи моето име. Случајно дознав и прво мислев дека е шега. Но кога ми препратија што и каде е се коментирано и пишувано ќе паднев во несвест. Згрозена сум од смелоста!!! Ваква болна личност може да направи сериозна штета и пореметување во односите  со многу луѓе, посебно заради тоа што пишувал и кај мои познати кои си правеле муабет со него отворено мислејќи дека сум јас. Страшно сум изреволтирана и планирам да го пријавам зошто знаеме точно кој е. Ова е класичен криминал, злоупотреба на туѓ идентитен. Се плашам што се е напишано, кажано, а јас не знам, и што се може да следува. Страшно!!! Крајноста е во тоа што и покрај нашите објави и демант на фејсбук тој и понатаму пишува по профили, коментира недолични работи, си дели вулгарни комплименти од мое и од на Лила име, а луѓе читаат и се чудат. Јас мислам дека вакво нешто може да направи голема штета на мојот углед“-изјави Мелита.
Случајот изјавуваат двете ќе биде пријавен во МВР.
 
Хермина Г.
Информацијата е ексклузивна за Пулс24 и истата не смее да се презема без согласност на Пулс24Кога луѓето сакаат да наштетат некому тоа го прават и во виртуелниот свет скоро исто колку и во реалниот. Меѓу 900.000 профили во Македонија се и л

loading...
Loading...