Медицинскиот и економскиот персонал од Јавните здравствени установи се едуцираше за планирање на капиталот во здравството и менаџирање на човечките ресурси. Еднодневното предавање, беше спроведено од Д-р. Џенет Харис, од Факултетот за здравство и сродни истражувања на Универзитетот Шефилд во Велика Британија.Активностите се дел од континуираната едукација на медицинскиот и економскиот персонал од Јавните здравствени установи во Република Македонија, спроведена од страна на Универзитетот Шефилд и Академија за Менаџери.
„Методите за кои што беше предавањето тука и кои што моментално се користат и во британската национална здравствена служба, треба да истражат и проценат дали еден конкретен пристап во ова поле може да биде подеднакво апликативен и да даде издржани резултати на различни популациски групи. Во подобрувањето на здравствената услуга, подеднакво се важни и пристапите во управување со човечките ресурси, посебно кога се бара истиот степен на ефективност на здравствениот кадар при трансфер од една задача на друга. Токму овие истражувања треба да ја дадат насоката во која што македонскиот здравствен систем треба да се развива“, изјави Д-р. Џенет Харис.
Дефинирање на понатамошните фази за доусовршување на здравствените работници и унапредувањето на македонскиот здравствен систем, беше причината за средбата на Д-р. Џенет со Министерот за здравство, Никола Тодоров.
Д-р. Џенет Харис е професор на Факултетот за здравство и сродни истражувања на Универзитетот Шефилд во Велика Британија (ScHARR, School of Health and Related Research), кој што e 4то рангиран по истражувачка моќ во областа на здравството, според 2014 Research Excellence Framework.
Обуката на менаџерските и управувачки капацитети од јавните здравствени установи, успешно се одвива во реализација на Академија за Менаџери и Универзитетот Шефилд. Специјализираната тренинг програма за потребите на Министерството за здравство и Јавните здравствени установи на Република Македонија, наменета за менаџерските и управувачки капацитети, како и за средниот менаџментсе одвива во деловите на Организациско однесување, Менаџирање со промени, Логистика и управување со синџирот на снабдување, Економија на здравство, системи и политики,Нега на пациенти, ефективна комуникација и придржување до препишаната терапија, Менаџирање на човечките ресурси во Јавните здравствени установи, Подобрување на квалитетот на здравствените услуги во Јавните здравствени установи.
Академија за Менаџери, работи под академска надлежност на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ. Како надворешна единицана еден од најпрестижните универзитети глобално, Академијата за Менаџери се залага за подигнување на нивото на знаење и вештини на професионалните кадри, со цел помагање и унапредување на бизнис заедницата на која и се потребни профилирани, обучени и образовани менаџери од различни области, а со тоа да придонесува и кон општ развој на општеството и целокупната економија во државата. Активностите се дел од континуираната едукација на медицинскиот и економскиот персонал од Јавните здравствени установи во Република Македонија, спр