Експерт открива како да се „надмудри“ секој тест на заокружување!

Работите да беа идеални, тестовите со прашања на заокружување би биле сосема случајни, без било какви шеми за точни или неточни одговори. Сепак, тестовите ги прават луѓе, а во човековата природа е невозможно тестот да биде целосно непредвидлив.Сѐ што прават луѓето мора да има некоја маана, па веројатно ја имаат и тестовите на заокружување за кои отсекогаш се шушкало дека можат да се „надмудрат“.
Постојат стратегии за погодување на точниот одговор
Вилијам Паундстоун тврди дека пронашол неколку шеми во тестовите со повеќе одговори, вклучувајќи ги и оние направени со компјутер, пренесе Business Insider.
Откако проучил стотина тестови со вкупно 2.456 прашања од различни извори од основните, средните училишта, факултетите и возачките испити, но и квизови од весниците, тој тврди дека открил статистички примери во нив.
Од добиените податоци детерминирал вредни стратегии за да ги зголеми шансите за погодување на точните одговори во тестовите, без разлика за каков вид на тест станува збор.
Иако Паундстоун нагласува дека познавањето на материјата е најдобра стратегија за заокружување на исправните одговори, тактиката за погодување е сепак подобро решение од случајното заокружување без стратегија. „Паметното погодување“ и тоа како може да ги зголеми шансите за избор на точниот одговор.

Игнорирајте ја конвенционалната мудрост
Веројатно често ви говореле дека во случај на незнаење, секогаш треба да го заокружите одговорот во средина, или да избегнете одговори кои ги содржат зборовите „никогаш, секогаш, сѐ или ништо“. Како и да е, ова не држи вода. Паундстоун откри дека одговорите како што се „ништо од наведеното“ или „сите наведени“ се точни во 52% од случаите. Изборот на некој од тие одговори ви дава 90% шанса кај слчајниот избор.
Погледнете ги одговорите кои се до одговорот кој не ви е познат
Паундстоун откри дека изборот на одговорите често се повторува со некој одреден ред. На пример, ако сте заглавиле на прашањето со број 2, а знаете дека одговорот на прашањето под број 1 е А, на прашањето 3 е Д – постои веројатност дека тие избори се елиминирани за второто прашање на кое сте заглавиле. Секако дека прво треба да се елиминираат одговорите за кои знаете дека се сигурно неточни.
Изберете го најдолгиот одговор
Споменатиот автор исто така забележал дека најдолгиот одговор е обично точен.
„Авторите на тестовите мора да се осигураат дека точните одговори ќе бидат исправни. Затоа, за точните одговори се дава поголемо објаснување, додека кај неточните одговори нема премногу да се трудат. Доколку еден од понудените одговори е значително подолг од останатите, постои веројатност дека тој е  точниот одговор“, пренесе Plus.
Елиминирајте ги отстапките
Некои испити се направени и со компјутерски програми, што ги оневозможува различните шеми за точен одговор. Без разлика на редоследот, одговорите што не се во склад со останатите, веројатно се неточни.Сѐ што прават луѓето мора да има некоја маана, па веројатно ја имаат и тестовите на заокружување за кои отсекогаш се шушкало дека можат да се &bdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: