ЕКСПЕРТИ: Заев сака власт без избори

Осмислена стратегија на ова раководство на СДСМ е да спречат демократски избори, затоа што на сите такви досега народот децидно гласаше против севкупните политики на СДСМ, кои еве гледаме колку се лоши за нашата држава. На Заев му е апсолутно јасно дека по изборите и по поразот ќе мора да се повлече од претседателската функција на СДСМ, а со оглед на тоа дека има закачено многу кривични пријави за сериозни и тешки кривични дела, како против државата, уцена на високи функционери, поткуп, и во овој момент кога нема да биде претседател на СДСМ тој нема да може да си игра како што сега прави во македонското правосудство и го чека затворска казна. Заев и тие неколкумина околу него, инсистира(ат) да нема избори, затоа што после избори Заев и неговите измеќари ќе ги нема од политичката сцена, ќе бидат запишани како поранешни, но не и сегашни политичари во земјата. Секое изборно соочување, кое сите ние знаеме каков краен резултат ќе донесе, ќе значи политички крај на лидерот и на раководството на СДСМ. Овој пат изборниот резултат нема да биде поразителен за СДСМ, овој пат изборниот резултат ќе биде катастрофален за СДСМ. Кога сите во СДСМ, а посебно раководството го знаат овој факт, тогаш е тешко да се најде маж кој би кажал добро ајде да одиме на избори па што биде нека биде. Ваков е ставот на експертската јавност која ги коментира прашањата зошто Заев толку упорно инсистира да нема избори и како ќе се одрази пролонгирањето на кризата со одложување на изборите врз целокупната безбедносна и економска состојба и зошто некој би имал интерес да се пролонгираат истите.
Науновски: СДСМ ќе ја добие заслужената изборно-гласачка казна
Политичкиот аналитичар Тони Науновски смета дека осмислена стратегија на ова раководство на СДСМ е да спречат демократски избори, затоа што на сите такви досега народот децидно гласаше против севкупните политики на СДСМ, кои еве гледаме колку се лоши за нашата држава.
-Политичката совест на оние од СДСМ, која сигурно пробива во нивната партиска свест, се повеќе ги прави политички ирационални, и се повеќе ги открива нивните крајни намери –  да ја превземат власта без гласање, избори и демократска одлука на народот кој единствено може да даде политички легитимитет. После ова спуштање на нивото на јавното и политичкото во РМ, што трае повеќе од една, премачна година за секој разумен Македонец, СДСМ ќе ја добие заслужената изборно-гласачка казна, наскоро, на 24 Април. И тие тоа го знаат, надвор од нивните опасни фантазии и колективни партиски заблуди дека со шпионски валкани игри ќе бидат избор на гласачите. Затоа, мораме да очекуваме уште поголемо политичко лудило, а најавите за бојкот и некакво спречување на демократските избори мора да бидат спречени и санкционирани од правната држава и институциите на системот, конечно по толку време на нивно непостапување според Уставот и законите, вели Науновски.
На прашњето како ја толкува сигурноста на Заев во поддршката од некои амбасади и зошто мислите дека тие би оделе на негова линија, Науновски вели дека воопшто не е уверен оти актуелното раководсво на СДСМ има некаква поддршка од амбасади за сиот овој, во суштина, обид за државен удар.
-Тоа е само нивна провидна пропаганда, дека имаат некаква поддршка од страна, чадори некакви и слично. Се разбира, како и секогаш низ нашата историја, и сега има некои центри на моќ кои ја користат шансата во политичкот хаос што го направија шпионските тонски записи од наши приватни разговори да не дотолчат како народ и држава, но тие не ја одразуваат официјалната политика на странските држави или т.н. меѓународна заедница. Впрочем, секој ден се повеќе битни политичари даваат поддршка на предвремените избори, кои ќе бидат демократски, како што беа посебно од 2006 година до денес. Гебелсовската пропаганда околу СДСМ се обидува да ги деморализира, уплаши гласачите, со ефтини приказни дека некои странци го поддржуваат Зоран Заев и тие околу него. Не е така, а конечно, и да има некои такви маргинални црпнати странци ширум светот, не гласаат тие туку ние Македонците, изјави Науновски за КУРИР.
Науновски додава дека оваа вештачка политичка криза е резултат на нелегални активности кои државата веднаш требаше да ги спречи преку Уставот и законите.
-Кривично дело е објавување на приватни телефонски разговори, и тие требаше да бидат запленети и уништени од државата, а оние кои ги објавуваа требаше да бидат санкционирани според позитивните законски прописи кои се децидни за овој тип на кривични и прекршочни дела. Требаше Македонската држава да се поштеди себеси, да не спаси нас, да се издигне над политичкиот компромис кои добронамерно беше направен од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што гледаме, тие од раководството на СДСМ нема да престанат, напротив, како уште за се засилуваат. Мора да се стави крај на сето ова, со консензуално, семакедонско гласање на 24 Април против ова раководство на СДСМ, и ефективно дејство на системот против кривични дела наведени во законите. Никако и никој што и мисли добро на нашата држава не смее да дозволи да се одложат изборите на 24 Април, затоа што Македонија и премногу дозволи против себе самата и најдлабоките национални интереси. Ние, секој од нас поединечено, премногу им дозволивме на недемократските методи, на кривични дела да не преокупираат и блокираат во економијата и другите политики за добро на граѓаните на РМ. Ризичната безбедносна состојба е токму тоа што државата не ги заплени и уништи т.н. бомби, но крајот на оваа валкана политичка игра ќе дојде наскоро, на денот на гласањето, кога Македонците јасно ќе покажат дека се слободни и сакаат демократска држава, не диктатура на октроирана, некаква црпната, тотаталитаристичка власт. По политичката казна на изборите, очекуваме потоа и правосудна процедура за одговорните за оваа вештачки создадена политичка и безбедносна криза. Долга е раката на Македонската правда, заклучува Науновски.
Каракамишева-Јовановска: Суверенитетот на граѓаните е највисоката, суверената власт во државата
 
Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска смета дека Заев и тие неколкумина околу него, инсистира(ат) да нема избори, затоа што после избори Заев и неговите измеќари ќе ги нема од политичката сцена, ќе бидат запишани како поранешни, но не и сегашни политичари во земјата.
 
-Секое изборно соочување, кое сите ние знаеме каков краен резултат ќе донесе, ќе значи политички крај на лидерот и на раководството на СДСМ. Овој пат изборниот резултат нема да биде поразителен за СДСМ, овој пат изборниот резултат ќе биде катастрофален за СДСМ. Кога сите во СДСМ, а посебно раководството го знаат овој факт, тогаш е тешко да се најде маж кој би кажал добро ајде да одиме на избори па што биде нека биде, вели Каракамишева- Јовановска.
 
Таа додава дека изборните резултати не се создаваат со местенки, со фабрики за афери, со манипулации, со закани, со лажна еуфорија.
 
-Изборните резултати се секогаш производ на многу голем вложен и напорен труд, многу голема политичка енергија, многу реализирани проекти, многу грижа за секој еден во државата. А што од сево ова може да и се припише на СДСМ? Што СДСМ направи во сиве изминати години од осамостојувањето на РМ до денес за граѓаните на државата и за самата држава? Со што СДСМ може да се пофали пред граѓаните? Со привременото име на државата кое го променија без никого од нас да прашаат, со променетото знаме на државата кое го сменија без повторно никого од нас граѓаните да не прашаат, со негрижа кон македонските државјани што живеат во другите земји, со најголемиот процент на невработеност што државата го памети во сопствената историја, со нула странски инвестиции кои ќе создаваат нови добра за државата, со најголемиот број испуштени работници од најкриминалната приватизација на општествениот капитал во регионот, а веројатно и пошироко, со катастрофалната територијална касапница на државата, со што?, вели Каракамишева- Јовановска за КУРИР.
 
Универзитетската професорка додав дека СДСМ е навикната да функционира во политиката на грбот на другиот. Секогаш користи друг, за да дојде на власт. Така беше 2002, така беше 2015.
 

-Да не одиме и наназад во годините. Сплетките, малверзациите, подметнувањата, политичките калкулантства не се карактеристични за ВМРО-ДПМНЕ. Тие се лице и опачина на делувањето на СДСМ. Зошто? Многу едноставно. За проекти, за инвестиции, за добри политички и економски понуди и програми во корист на граѓаните, треба многумина да седнат да работат, да бидат способни да сработат и да продолжат со нови понуди. И најважно од се е што треба да знаат како се работи. СДСМ не е навикната да работи. Во СДСМ има многу луѓе што не знаат што треба една политичка партија да работи. Затоа, тие се најсилни во услови на политичка криза. Во криза се најгласни, најголеми борци за филозофија. Во криза никој не бара од нив резултати, понуда, програма. Затоа бегаат од избори, затоа форсираат сценарија кои ќе ја влечат кризата до недоглед. За да остане земјата во криза, тие се подготвени и со црниот Ѓавол да се здружат само и само да им успее сценариото. За Заев и останатите нивниот личен политички крај треба да значи и крај на државата, крај на сите други кои не мислат како нив. Оттаму се подготвени на се, само не на она што согласно демократијата е нормално.  Од друга страна, сигурноста што г. Заев ја презентира пред јавноста дека наводно целиот странски фактор стои зад него е потврда на сето горе наведено. Внимавајте, политичар во Република Македонија не вели дека народот стои зад него, туку се фали дека странските амбасадори стојат зад него. Крчмарот вели есапот ми е добар, есапот ми е супер, иако откога е отворена крчмата немам ниту еден влезен гостин. Во таков случај што е сценариото. Или некој друг однадвор ти плаќа за се, па не гледаш дека жива душа немаш во крчмата, или крчмата си ја дал под наем без никој да знае за тоа. Значи, ако мнозинството од граѓаните не ја сакаат крчмата на Заев, тоа е загрижувачка состојба која не може да се „испере“ со ништо. Па макар цела амбасадорска чета е построена мирно. Амбасадорите не гласаат, тие не одат на избори. Тие немаат право да гласаат во Република Македонија, а уште помалку имаат право да ја водат државата и да одлучуваат кога ќе има избори. Тоа мора да му биде јасно на секој што се занимава со политика, вели Каракамишева Јовановска.

Според неа, избори на 24 април ќе има. Република Македонија согласно Уставот и согласно меѓународното право има суверени граѓани кои одлучуваат за својата земја.
-Суверенитетот на граѓаните е највисоката, суверената власт во државата. Не е највисока власт во државата ниту онаа што ја покажува Заев на прес-конференции, ниту онаа што некои амбасадори на странски држави сакаат да ни ја наметнат. Суверената власт е во народот, во граѓаните, и ако и сакаме добро на нашата татковина, ако сакаме во услови на сериозни предизвици со кои се соочува цела Европа, вклучително и ние, да се справуваме со нив како стабилна и цврста држава, мора да излеземе на избори и да организираме стабилни политички институции кои ќе ја штитат државата од сите неволји и опасности што и демнат. Сега не е време да се грижиме за политичките калкулации на неколкумина политички неписмени што немаат што да изгубат со сценариото на криза. Сега е време за храбри потези што ќе ја стабилизираат и нормализираат државата од лудилото во кое западнавме заради толерирање на разно-разни политички калкуланти, дилетанти кои упорно сакаат да ни се припишат како судбина.   Судбината на Република Македонија мора да остане во граѓаните и во народот, заклучува Каракамишева- Јовановска.
Пандов: Анкетите му укажуваат на Заев дека ќе доживее тежок дебакл
Според политичкиот аналитичар Александар Пандов, има две главни причини  зошто Заев толку упорно инсистира да нема избори. Првата е анкетите кои се објавени од реномираните ИРИ и Брима Галуп по кои се гледа дека два до три пати ВМРО-ДПМНЕ има поголема предност од СДСМ, а во однос на партиските лидери таа предност е уште поголема меѓу Груевски и Заев.
-Тоа јасно му укажува и на Заев и на неговото ракводство дека на наредните избори тие ќе доживеат тежок дебакл. Втората, но не помалку важна, е тоа што на Заев му е апсолутно јасно дека по изборите и по поразот ќе мора да се повлече од претседателската функција на СДСМ, а со оглед на тоа дека има закачено многу кривични пријави за сериозни и тешки кривични дела, како против државата, уцена на високи функционери, поткуп, и во овој момент кога нема да биде претседател на СДСМ тој нема да може да си игра како што сега прави во македонското правосудство и го чека затворска казна. Мислам дека ова е посилната причина зошто Заев упорно бега од изборите, но и целото негово раководство кое е неспособно и избрано по лојалност кон Заев. И на ним им е јасно дека по изборите тие веќе нема да ги имаат функциите и ќе треба да се повлечат, вели Пандов.
Тој додава дека од самиот почеток од избивањето на аферата „Пуч“ преку комуникацијата и доказите кои беа приложени јасно е дека во целата афера има сериозна вмешаност на странски служби односно на странски амбасадори или политичари.
-Потсетувам и дека во коминикацијата меѓу Заев и Верушевски видовме дека постои странски чадор кој ги заштитува.Во „Фабриката за афери“ исто така видовме дека во комукацијата меѓу Заев и сопругата на Чауш, тој ја смирува неа и вели дека нема никакви проблеми бидејќи биле заштитени од странци. Веќе е јасно дека позади целата оваа политичка криза стојат странци кои имаат интерес да ја дестабилизираат Република Македонија, да го ослабнат нејзиното политичко раководство и да ја воведат земјата во една континуирана нестабилност преку која тие ќе може да ги спроведат своите желби и визии за земјава, вели Пандов за КУРИР.
На прашањето како ќе се одрази пролонгирањето на кризата со одложување на изборите врз целокупната безбедносна и економска состојба и зошто некој би имал интерес да се пролонгира, Пандов вели:
Искрено се уште сум оптимист дека странците имаат свест и совест и дека ќе дадат пас околу тоа изборите да се одржат како што беше договорено и потпишано од четирите политички партии – на 24 април. Но, ако евентуално стават сомнеж на тоа дека може да се спроведат изборите на 24 април и ако инсистираат да се одложат тие избори, во таква ситуација ја сум сигурен дека Македонија ќе западне не само во економска, пред се во безбедносна криза. Во таква ситуација јасно е дека Македонија веќе не е дражава каква што ние ја декларираме и како што граѓаните ја препознаваат, туку дека Македонија е протекторат кој што на некои одредени странски амбасадори им е дадено за право да си играат со судбината и иднината на граѓаните. Тоа значи уште една поголема депресија, запаѓање во уште поголема политичка криза и отворање на сите врати за безбедноста криза, како меѓуграѓанска така дополнителна, да не ги заборавиме луѓето кои чекаат на јужната граница. Идејата на странците е да го ослабнат партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на некој наредни избори, ова го говоревме пред една година, тие би имале желба да има егал ситуација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и меѓу ДПА и ДУИ и во таква ситуација би имале крајно нестабилна влада, каде една политичка партија не би можела да одлучува.
Пандов водава дека во таква Влада странците би можеле лесно да ги протнат сите барања и желби кои се за промена на името на државата, на Уставот и сето она кое им смета. Зад ова, вели Пандов, мисли дека стои името на нашиот народ и нашата држава, македонски народ и Македонија.
 Заев и тие неколкумина околу него, инсистира(ат) да нема избори, затоа што после избори Заев и неговите измеќари ќе ги нема од политичката сц

Пронајдете не на следниве мрежи: