Скандалозната седница на Државната изборна комисија го урива правниот поредок на државата, сметаат експертите. Неаргументираните приговри, повикувањето сведоци и вештачењата кои се прават надвор од секаква процедура според нив се обид за фалсификување на изборната волја на граѓаните.Според експертите, видна е нервозата кај дел од членовите поради тоа што не можат да најдат основана причина за поништување на гласањето и изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните обиди да пронајдат повод одат дотаму што кога приговорите не ја исполнуваат целта пристапуваат и кон оспорување на гласањето по службена должност. Ваквото постапување за кое сведок беше целокупната јавност создаде револт кај граѓаните кои спонтанос е собраа пред просториите на Државната изборна комисија.
Излевањето на револтот со своите политички говори се обидуваа да го спречат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. Новинарите од терен известуваа дека раководството на партијата ги смирувало граѓаните. Но несомнено собирите денеска и вчера покажаа дека граѓаните се револтирани ис е сомневаат дека членовите на ДИК се обидуваат да ја погазат изборната волја.
Според експертите, видна е нервозата кај дел од членовите поради тоа што не можат да најдат основана причина за поништување на гласањето и изборнат