Експертите оценуваат: Постои опасност од формирање на балкански ИСИС

Познавачите на сигурносните прилики на Косово, оценуваат дека Исламската држава би можела да ги злоупотреби тензиите на Балканот за да формира тн. балкански ИСИС, пишува „Радио Слободна Европа“.Експертите предупредуваат дека Владата на Косово нема национална стратегија за борба против тероризмот, а властите ветуваат дека истата би била подготвена за две недели.
Екстремистичките и терористичките движења коишто се базираат на верски интерпретации, можат да се искористат на Балканот за создавање на една терористичка група, предупредуваат експертите.
Бурим Рамадани, поранешен пратеник во косовскиот парламент, смета дека Исламската држава може да ги искористи меѓуетничките мотиви коишто се присутни на Балканот.
„ИСИС и останатите организации кои функционираат заедно со неа, можат да ја искористат оваа ситуација и така да креираат балкански ИСИС. Балканот е поделен сам по себе, постојат меѓуетнички и политички тензии, а меѓудржавните конфликти и понатаму се отворени. Ова е главен ризик на Балканот“ – наведува Рамадани.
Во тоа не помага фактот, додава Рамадани, што земјите од западен Балкан се кревки, со слаб економски развој и со слаб квалитет на образование.
Слично како него размислува и Нуредин Ибиши, член на собранискиот Одбор за внатрешни прашања, којшто изјави дека милитантна група би можела да ја искористи моменталната состојба на Балканот, а посебно на Косово.
„Сметам дека тие можат да се инфилтрираат и да создадат свој систем“ – нагласува Ибиши.
Според последната изјава на Стејт Департментот за борбата против тероризмот, Косово е оценето како држава со растечки закани од појава на екстремизам.
Владините службеници работат на развивање национална стратегија за превенција на насилниот екстремизам и радикализам, а тоа го потврди и членот на собранието Едон Мифтари.
„Целта е да се опфати цел спектар, било да станува збор за државните институции, за верските заедници, невладините организации, медиумите и многу други нешта, кои би допринеле за имплементација на стратегијата. Сега сме во завршна фаза и за две недели таа ќе се најде пред Владата, откако претходно ќе ја разгледа Советот за безбедност на Косово“ – наведе тој, а пренесува „Радио слободна Европа“.Експертите предупредуваат дека Владата на Косово нема национална стратегија за борба против тероризмот, а властите ветуваат дека истата би била под

Пронајдете не на следниве мрежи: