Експертите сметаат дека СДСМ ќе бара бегство од изборите

Мора да ни биде јасно дека ова е „заслуга“ на меѓународниот фактор, кој не може да се резили и по третпат да си игра со датуми.Улогата на странците беше клучна во договорот за избори. Не треба да веруваме дека изборите ќе ја решат кризата и проблемите ќе бидат решени, вели политичкиот аналитичар Ристо Никовски. Тој во разговор за Телеграф.мк анализира дека и покрај договорот не можеме да бидеме сигурни дека опозицијата нема повторно да најде изговор да не учествува на изборите на 11 декември.
– Синоќа е направен сериозен исчекор во обидите да се надмине кризата и изгледите се дека на 11 декември ќе има избори. Мора да ни биде јасно дека ова е „заслуга“ на меѓународниот фактор, кој не може да се резили и третпат да си игра со датуми. Меѓутоа, неизвесноста останува до 11 декември бидејќи лесно може да се случи опозицијата да се премисли и покрај силниот притисок на странците. Нè чека жесток период во кој секако ќе има изненадувања, повторно во режија на странците – смета Никовски.
Поранешниот дипломат е дециден дека изборите нема да ги решат сите проблеми во државата.
– Во секој случај, не смееме да се залажуваме дека изборите ќе ги решат нашите проблеми и ќе ја надминат кризата. Тие, доколку се одржат, само ќе го отворат патот кон некаква стабилизација, ама проблемите ќе продолжат во помал или во поголем интензитет – додава Никовски.
Со слично размислување, но и поконкретно објаснување е и Миленко Неделковски кој смета дека „коњакот“ за одложување на изборите на СДСМ овој пат ќе им биде Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Многумина денеска, по синоќешното потпишување на договорот за избори на 11 декември, се прашуваат што ли тоа СДСМ ќе измисли за да не се одржат изборите и на тој датум?!
Одговрот е кристално јасен. Ќе бидат искористени имплантите, каков што е Зоран Трајчевски кој е близок пријател на мега финансиерот на СДСМ Хари Костов.
Па така, 1) Со непочитување на изборниот законик, особено на член 75 од една страна… 2) И на протежирање на порталите каде нема да владее никаков закон и каде доминираат Сорос и СДСМ, а од друга страна опструирањето на Телевизиите со казни и финансиско истоштување… – ќе помогне во стварање на атмосфера СДСМ да има алиби да се жали на некаква си нерегуларност, а вистината да мора да се крие и необјавува на телевизиите за да нема казни.
И така, ете ти ново одложување – пишува Неделковски.Улогата на странците беше клучна во договорот за избори. Не треба да веруваме дека изборите

Пронајдете не на следниве мрежи: