Вчерашната одлука за одложување на превремените парламентарни избори од 24-ти април на 5-ти јуни е мудра одлука, коментираат експертите.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со таквата одлука не остави простор да биде погрешно разбран и злоупотребен од, како што рече, оние кои не и сакаат добро на Македонија.
-По долги и детални анализи и консултации, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24-ти април за 5-ти јуни, со цел не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е ќе бегаат од избори и од соочувањето со народот, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани, но и злоупотребени од сите они кои не и сакаат добро на Македонија и кој немаат еднаков интерес како нас, Македонија да оди напред, посочи синоќа Груевски.
Според експертите, СДСМ е сега извлечен на површина и се ставени во тесно. Овозможени се избори на кои граѓаните ќе одлучуваат, а се е во рацете на народот.
Експертите се согласни дека компромисот на владејачката партија покажува кој е конструктивниот партнер кој работи во интерес на граѓаните, но сметаат дека ова ќе биде последната отстапка на Груевски.
-Секоја опозиција се бори да дојде до избори. Нашата опозиција се моли да нема избори бидејќи веројатно креираат некој паралелен политички систем во еден виртуелен свет каде што тие ќе владеат без волјата на граѓаните. Тоа е невидено и на долг рок предизвикува лоши последици и создава лош впечаток за угледот на нашата држава надвор, вели универзитетската професорка Иванка Додовска во изјава за Сител.
Познавачите на состојбите сметаат дека нискиот рејтинг ќе биде мотив за нови блокади и црни сценарија.
-Верувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од 5-ти јуни, тој датум нема да биде променет по ниедна сила и цена. Очекувам СДСМ да избега од избори на 5-ти јуни. Не станува збор за некаква виша математика, станува збор за реалната состојба од која тие никако не можат да се извлечат и правењето на ретроактивни процеси, поттикнувањето на црни сценарија, кочењето на целиот државно-правен систем се единствените нешта што во нивните раце може да предизвика некакво пролонгирање на истата агонија, додава Додовска.
Експертите велат дека датумот 5-ти јуни ги исполнува сите услови и е најдобро решение.
-5-ти јуни ни дава шанса да излеземе од политичката криза која трае веќе втора година, вели политичкиот аналитичар Сашо Клековски за РСМ.
На експертите, но и на граѓаните им е сосема јасно зошто СДСМ ги користи сите обиди да избега од избори. Бројните анкети објавени изминатиов период јасно предочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ужива далеку поголема доверба кај граѓаните отколку опозицијата.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со таквата одлука не остави простор да биде погрешно разбран и злоупотребен од, како што рече, оние кои не и