Експертот на Формула 1 дебитира во октанскиот серијал „Диво возење“ на Дискавери

Што да направите ако сте заљубени од раѓање во автомобили и автомобилскиот спорт, ако барате нов предизвик по 10 неверојатно успешни години како еден од водечките механичари на Формула 1?Поранешниот инженер на Мекларен, Марк “Елвис“ Пристли, кој беше составен дел на победничкиот тим на Луис Хамилтон од 2008, тргнува на патување за да ги пронајде најфасцинантните аматерски авто-мото спортови на планетата. Резултат на неговата потрага е серијалот „Диво возење“ кој премиерно може да се следи на Дискавери од сабота, 7 мај во 21 часот.
Елвис се враќа на основите и запознава цела супкултура на љубителите на автомобили ширум светот. Но не стигнува до низ само за да гледа. Своето знаење стекнато во Формула 1 го применува на некои од најдивите октански трки во светот и соработува со поединечни тимови за да им помогне да извршат модификација на своите возила. За Елвис не постојат граници- од Мексико до Такланд.
Предизвиците се импресивни, пресметките секогаш премали, а времето никогаш доволно. Серијалот е снимен во Шведска, Велика Британија, Јужна Африка, Мексико, Тајланд и на Куба. Ќе го искористи ли Елвис своето искуство и победи покрај сите препреки?
Поранешниот инженер на Мекларен, Марк “Елвис“ Пристли, кој беше составен дел на победничкиот тим на Луис Хамилтон од 2008, тргнува на п

Пронајдете не на следниве мрежи: