Утрово, околу 4 часот во Куманово се случи експлозија од пиротехничко средство, кое што засега непознат сторител го фрлил во близина на шахта на булеварот „Октомвриска револуција“ спроти спортската сала на просторот помеѓу пешачките патеки на кејот и патеката на самиот булевар, соопштија денеска од СВР Куманово.Нема повредени лица, причинета е материјална штета на шахтата сопственост на ЈП „Куманово-Гас“.
При увидот што го извршиле, увидна екипа на полицијата и стручни лица од одделот за антитеротизам од МВР и јавен обвинител од ОЈО Куманово, констатирано е дека ескплозијата настанала на приземниот дел на бетонската шахта од дистрибутивниот гасовод.
Непознат сторител, фрлил пиротехничко средство во близина на шахтата и при испуштање на дозволена количина гас од шахтата дошло до експлозијата. Oд лице место подигнати се изгорени остатоци од пиротехничкото средство. Од Јавното обвинителство констатирале дека се работи за кривично дело – Предизвикување општа опасност.
СВР Куманово работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.Нема повредени лица, причинета е материјална штета на шахтата сопственост на ЈП „Куманово-Гас“.
При увидот што го извршиле, уви