Непознат сторител фрлил експлозивна направа во печатницата БМГ во Белград, чиј сопственик е заштитениот сведок Небојша Јоксовиќ во процесот против Дарко Шариќ.Експлозијата се случила синоќа по 23 часот, а предизвикан е пожар, којо е изгаснат нешто по 1.30 часот, јави Танјуг.За среќа нема повредени, а детонацијата се почувствувала во околните населби.Неофицијално, печатницата е гаѓана со зоља.Печатницата БМГ се наоѓа во белградската населба Железник. Сопственикот Небојша Јоксовиќ – Јокса (40) е сведок-соработник во процесот против нарко-босот Дарко Шариќ кој е во бегство.Статусот на сведок-соработник, како што наведуваат белградските медиуми, го добил пред повеќе од две години, кога од ќелијата на Централниот затвор, каде што се наоѓал по апсењето во 2010 година, испратил писмо до Обвинителството за организиран криминал во кое истакнал дека е подготвен да соработува.Иако непосредно по апсењето демантирал дека има врска со трговија на дрога од Јужна Америка, во замена за привилегиран статус одлучил на надлежните да им раскаже сè што знае во врска со Шариќ и неговата група.Тој сведочел и за шверц со дрога и активностите на кланот на Шариќ во Италија. Според медиумите, Јоксовиќ бил главен човек на Шариќ во оваа земја.Откако Јоксовиќ го даде првиот исказ се случија неколку напади врз негов имот, а од бомба поставена во автомобил загина неговиот близок роднина Радојица Јоксовиќ.
Во мај 2011, на неговата печатница испалени се три зољи, а пред нешто повеќе од година, во неговото кафуле фрлена е бомба.
МакфаксНепознат сторител фрлил експлозивна направа во печатницата БМГ во Белград, чиј сопственик е заштитениот сведок Небојша