Екстерното тестирање наместо од четврто одделение ќе се спроведува од шесто, се предвидува со новите законски измени кои вчера собранието ги изгласа, појасни заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски во гостувањето на вестите на Канал 5.Новина е и тоа што резултатите од екстерното нема да влијаат на просечниот успех на ученикот.
-Оваа реформа беше најавена уште пред неколку месеци од страна на претседателот на Владата во тој период, Никола Груевски кој спомена дека ќе пристапиме кон широки консултации кои што ги реализиравме во изминатите неколку месеци. Како резултат на тие широки консултации се донесоа заклучоците кои што вчера беа усвоени од страна на Собранието, рече заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
При тоа, прашањата за екстерно тестирање, како што потврди Ристовски, остануваат јавно достапни како и претходно, а со измените е воведен т.н. пробен тест која ќе биде апликација идентична како што ќе биде самиот тест.
-Заедно со објавувањето на прашањата ќе се стави ви функција и таа апликација, преку која самите ученици ќе може да ги вежбаат прашањата кои ќе им бидат на располагање и со што ќе можат да се подготвуваат и психолошки и теоретски за самиот процес, додава Ристовски.
Оценката која што беше составен дел на редовното свидетелство, сега веќе нема да биде во рамки на редовното туку во додатокот на свидетелството.
– Овој дополнителен додаток ќе има значење при уписот на ученикот во повисокиот степен на образование од основно во средно или од средно во високо, каде што во системот на бодување ќе има значење и просекот добиен од оценките од екстерното оценување, објасни Ристовски.Новина е и тоа што резултатите од екстерното нема да влијаат на просечниот успех на ученикот.
-Оваа реформа беше најавена уште пред неколку