Екстерното тестирање поддржано, протестите неуспешни и погрешни

Екстерното тестирање кое почнува во понеделник треба да донесе придобивки за учениците, наставниот кадар, училиштето и целиот образовен систем. Концептот, како што сметаат од Владата е докажан, но сосема нов за нас. Се спроведува првпат. Ефектите се подолготрајни и во текот на годините оваа реформа ќе еволуира и ќе се приспособува. Во рамки на училиштата генерално има поддршка, само многу мал дел даваат отпор.
Концептот не е против никого, посочуваат од Владата и порачуваат дека тој е во интерес на сите и сакаат заеднички и партнерски да го спроведат со учениците, наставниците и родителите.
Целта е потенцираат, да имаме реални податоци каде затајува системот, каде може да се додаде, и да се има јасен приказ каков е трансферот на знаење.
Изминативе денови низ повеќе градови се одржаа неуспешни протести, каде младите не искажаа масовност. Како неуспешен може да се оцени и денешниот протест во Скопје каде учениците се злоупотребени, а на социјалните мрежи постојат и коментари дека протестите се политички мотивирани.
Од СОНК посочуваат дека за спроведуањето на екстерното тестирање се водени интензивни разговори со Министерстерството за образование и наука во последните три дена. На разговорите станало збор и за тоа дали тестирањето е единствен начин да се провери знаењето на учениците, а преку тоа и квалитетот на работата на наставниците и на крајот како финален производ објективноста на настаниците.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков истакна дека можеби ваквиот начин на тестирање не е идеален, но оти заедничка констатација со МОН е дека ова е првпат на ваков начин на екстерно оценување и оти можни се грешки и можни се ситуации кои не се укажани и предвидени.
Генерално, изјави, сме договорени за некои работи. Ќе чекаме да заврши процесот на екстерното па после тоа повторно ќе седнеме за да направиме едно објективно оценување на наставниците што би се рекло по мерка на наставниците.
Тој потенцира дека стравот од казнување е реален кај секој од наставниците, меѓутоа додава дека никогаш и многу ретко некој спомнал дека со помош на оценувањето на наставниците се дозволува или се овозможува да напредува во кариерата или да биде награден.
Неделков го смета за многу погрешно и контрапродуктивно излегувањето на протест во овој период, во фаза, како што вели кога интензивно договараме со МОН и не само сега до екстерното, туку и после тоа.
-Протестот е можност, мерка, начин дозволено со Устав и закон, средство за остварување на своите права меѓутоа тогаш кога веќе не можеме и немаме други синдикални средства за остварување на своите цели, изјави Неделков и додаде дека веќе се преземени конкретни мерки за подобрување на моделт на екстерното оценување.
Со екстерното тестирање опфатени се 200.000 ученици и 15.000 наставници. Се спроведува од четврто одделение до трета година средно училиште, без матурантите. Тестовите се подотвени. Секое дете добива различен тест со 30 прашања за кои има време од 60 минути да ги одговори. Одговорите се на принципот заокружување на една од понудените четири варијанти.
Од Бирото за развој на образовнието вчера апелираа дека нема потреба од никаков отпор и страв бидејќи тестовите содржат материјал кој е учен во текот на годината.
Според правилниците на МОН, како што информира Неделков, ексерното тестирање кај учениците од прво до трето одделение ќе се спроведе преку обезбдување докази, односно тестови, контролни, цртежи и слично со кои ќе се поткрепи оценката што наставникот ја дал на на ученикот. Овие деца не се оценуват електронски бидејќи се мали се уште не се добро описменети.
извор:курир.мкЕкстерното тестирање кое почнува во понеделник треба да донесе придобивки за учениците, наставниот кадар, училиштето и целиот образовен систем. Кон

Пронајдете не на следниве мрежи: