Екстремен LaFerrari од 6 милиона евра

Италијанскиот Ferrari планира да лансира екстремна верзија од својот најнов модел, претставен на овогодишниот саем на автомобили во Женева.

Најавената верзија LaFerrari која ќе биде достапна во ограничен број, ќе биде  полесна од стандардниот модел. Според првичните информации, новата верзија нема да биде потешка од еден тон, додека пак стандардниот модел е тежок 1255 кг.
Главниот дизајнер од италијанскиот бренд, Флавио Манцони, изјави дека проектот доби зелено светло.

Специјалната верзија LaFerrari ќе биде слична на концептот MilleChilli од 2007 година, која треба да покаже умешност на италијанската компанија за изработување на лесни автомобили.
Уште една интересна рабора е дека цената на новиот екстремен LaFerrari, за разлика од регуларната верзија (1,2 милиони евра), новиот модел ќе има почетна цена од 3,6 милиони евра, а ќе стигне до фантастични 6 милиони евра.

LaFerri е придвижен од 6,3-литарски V12 во комбинација со електричен мотор, кои заедно даваат моќност од 963 КС, додека пак неговатам максимална брзина е 350км/ч.Италијанскиот Ferrari планира да лансира екстремна верзија од својот најнов модел, претставен на овогодишниот саем на

Пронајдете не на следниве мрежи: