Двајца поранешни директори на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб и Андраш Балог, се согласиле да платат парични казни и прифатиле забрана за вршење дејност за да се запре случајот против нив во њујоршкиот суд во кој се обвинети дека потплатиле функционери од Македонија и Црна Гора, соопшти американската Kомисија за хартии од вредност и берза (СЕЦ).Штрауб се согласи да плати 250 илјади долари казна, а Балог 150 илјади долари. Двајцата исто така се согласија да добијат петгодишна забрана за каква било директорска позиција во компанија под надлежност на СЕЦ.
– Директорите во овој случај беа обвинети дека ги предводеле тајните договори со премиер и други за да ги блокираат конкурентите на телекомот – вели во соопштението Стефани Авакијан, в.д. директор на извршниот оддел на СЕЦ.
Унгарската компанија, која е мнозински сопственик во „Македонски телеком“, плати казна од 95 милиони долари во декември 2011 година во паралелен случај за истото дело, потплаќање македонски и црногорски функционери за да добијат бизниси и да ја исклучат конкуренцијата во телекомуникациската индустрија. Со тужбата на СЕЦ, Штрауб и Балог беа обвинети за изработка на лажни договори со кои се пренасочувале милиони долари за коруптивни исплати. Двајцата функционери требаше да се појават пред суд месецов.
Сведок во случајот пред њујоршкиот суд беше поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, кој наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито од „Маѓар телеком“ преку грчкиот бизнисмен Димитрис Kондоминас. Според сведочењето пред њујоршкиот суд, Богоевски посочува и дека во скандалот, освен грчкиот бизнисмен Kондоминас, биле вмешани поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот Муса Џафери и поточно во три наврати биле исплатени по 2,5 милиона евра, пишува Дневник.Штрауб се согласи да плати 250 илјади долари казна, а Балог 150 илјади долари. Двајцата исто така се согласија да добијат петгодишна забрана за как