Електрична стимулација во безбедни нивоа може да ја подигне способноста на мозокот да мисли покреативно според новото истражување на научниците од Универзитетот Џорџтаун.Професорот по психологија во „Џорџтаун“ Адам Грин, д-р Питер Туркилтоуб – когнитивен невролог од Медицинскиот центар на Универзитетот „Џорџтаун“ и тим од колеги, објавиле студија во Celebral cortex на оваа тема.
Научниците користеле трансчерепна директно токовна стимулација (TДTC), за да стимулираат област на мозокот, за која е познато дека е поврзана со креативноста.
„Откривме дека луѓето кои се најспособни да ја зголемат активноста во крајниот преден дел на мозокот, наречен фронтополарна кора, се најспособни да ја менуваат нервната функција на мозочните врски и на тој начин да го подобрат креативното размислување. Откако зголемувањето на креативноста во фронтополарната кора доведува до зголемено ниво на креативното размислување, ние претпоставуваме дека помагајќи ја активноста во овој мозочен регион, ќе го олесниме зголемувањето на мозочната активност, овозможувајќи им на луѓето да достигнат креативни височини.“
Употребата на TДTC насочена кон фронтополарната кора, во две креативни задачи им овозможува на тест субјектите да ја зголемат способноста да се формираат врски меѓу оддалечени концепти – односно да прават аналогии.
Грин вели дека ова истражување е отстапување од традиционалното верување, при што креативноста се смета за постојана карактеристика. Наместо тоа, тие гледаат на неа како на динамична – таква што може да се промени брзо кога даден човек мисли подлабоко. Резултатите од истражувањето укажуваат дека ако некој човек добие „енергија“ преку електрична стимулација, тој може да го зголеми природно креативното размислување до горна граница на способностите.
Научниците изјавиле дека нивните резултати обезбедуваат ново сведоштво дека TДTC предизвикува „свесно зголемување на креативноста, предизвикана од когнитивна интервенција и ги проширува познатите граници на стимулација кон размислување преку аналогии – што е форма на креативна интелигенција, која е моќен извор на нови откритија.“
Доктор Туркилтоуб се надева дека еден ден лекарите ќе можат да го подобрат размислувањето преку аналогии, реакцијата на луѓето на соодветен начин и се разбира, користејќи и ТДТС. На овој начин, тие сугерираат и дека ќе им се помогне на луѓето со мозочни заболувања.
„Луѓето со говорни и лингвистички тешкотии често не наоѓаат или измислуваат зборови од кои имаат потреба. Помагајќи на нивната генијалност, како да се натераат да мислат преку аналогии, тие ќе имаат можност да наоѓаат алтернативни патишта за изразување на идеите, како да користат различни зборови, гестови или други средства за да се пренесе она што го имаат во предвид“ – додава научникот.
Грин и Туркилтоуб велат дека иако нивните резултати се ветувачки, важно е да бидат внимателни во апликациите на ТДТС. Останува неразјаснето точно како ТДТС влијае на функцијата на мозокот и е потребно првите резултати да се повторат од други научници, пред истражувачите да измерат колку се суштински.
Во заклучокот, доктор Грин предупредува дека секој обид да се користи електрична струја за стимулирање на мозокот надвор лабораториски услови или клиника може да е опасно и не треба да се презема во никој случај.Професорот по психологија во „Џорџтаун“ Адам Грин, д-р Питер Туркилтоуб – когнитивен невролог од Медицинскиот центар на Универзитетот &