Елена Миленковска: Не верувам во љубов на прв поглед самиот збор по себе „љубов“ си носи голема тежина

 Една од најубавите Македонски пеjачки Елена Миленковска неуморно и со крупни чекори продолжува да ја гради својата музичка кариера. По големиот успех  на нејзиниот прв хит „Добар или лош“, следуваше и  нова песна со летен и жив ритам „Дојди со мене“.
Видео записот на најновиот хит на Елена можете да го погледнете на следниот линк. 
Доколку сакате да ја погледнете нејзината галерија тоа можете да го нарпавите тука. 
Во продолжение можете да го прочитате интервјуто кое го направивме со Елена и да дознаете нешто повеќе за неа.  Омилен начин да го започнеш денот ?
 –  Еден од омилените начини да го започнам денот е убаво утринско каф Омилен начин да го започнеш денот ?
 –  Еден од омилените начини да го започнам денот е убаво утринско кафе испиено во друштво на мајка ми, која многу често знае да ме разбуди, а кафето е веќе направено.
 Како го поминуваш слободното време и имаш ли некое хоби ?
– Слободното време ми е најдрагоцено и гледам да го искористам максимум колку што можам, да поминам време со другарките и другарите на кафе или во некој ресторан на добро јадење со добар муабет. Обожавам да возам ролери и не го запоставувам својот изглед така да дел од слободното време го поминувам во теретана и трчајќи на кеј.
Како би се опишала себеси во 5 збора?
– Уфф тешко прашање амбициозна, дружељубива, заљубена во музиката, темпераментна и авантуристична. Мислам дека добро се опишав, но сепак повеќе би сакала кога другите би ме опишале со 5 збора.  

 Како изгледа мажот од соништата за Елена, предност има физичкиот изглед или карактерот ?
– Мажот од сонишатата … хмм, најбитен е секако карактерот, да биде добар, дружељубив, да знае да ме почитува и да го цени она што го има покрај себе. Да ми посвети онолку внимание колку што ми е потребно и нормално да ме прави среќна и да ме радува. Физичкиот изглед е исто така важен, но според мене е најважна онаа sвезда која ќе ја приметиш во некој и која веднаш привлекува. Мажот од соништата не можам да го опишам, едноставно сам ќе се појави кога ќе му дојде време.
Дали веруваш во љубов на прв поглед и дали постои некој посебен во твојот живот?
– Не верувам во љубов на прв поглед, самиот збор по себе „љубов“ си носи голема тежина и токму поради тоа не верувам дека може да се случи на прв поглед . Моментално во мојот живот постојат тројца најпосебни личности тоа се моите родители и брат ми.
 Кога жените се најранливи а кога најопасни?
– Жените … знаете како викаат со жени да си немаш работа J. Па јас би кажала лично за себе, најранлива сум кога ќе ме повреди некој близок или кога нема да успеам во нешто што многу го сакам и ми значи, а за опаснааа … сум била во една ситуација, но не би откривала, во секој случај денес како што гледам жените знаат да бидат доста опасни. 🙂
Кој ти е најголема мотивација во твојот живот ?
– Најголема мотивација во животот ми е музиката …  

 Што мислиш за нашата музичка естрада ?
– Според мене нашата музичка естрада е многу квалитетна, но со многу мала поддршка од страна на публиката и новинарите, се помалку и помалку се одржуваат концерти и фестивали, има многу малку музички шоуа каде би им се дало шанса на младите талентирани музичари, сето тоа порано беше во поголема колична затоа и бевме побогати во поглед на музиката. Недостигаат многу работи овде кај нас, но се надевам дека со тек на време ќе се сменат некои работи и ќе почне повторно да се цени македонската музика.
Доколку Елена не е пејачка , би била ?
– Не сум размислувала за тоа, но можеби новинарка или водителка на некоја музичка емисија, која повторно би била поврзана со музиката.
Дали си задоволна од досегашниот тек на твојата музичка кариера и кои се твоите планови за во иднина ?
– Сум задоволна од досегашниот тек на мојата музичка кариера, во самиот старт почнав да работам со „ Горила Продукција “ која многу ми помогна, морам да ги  напоменам и Лазар и Магдалена Цветковски кои се задолжени за моите песни, тоа е тандем кој не го менувам, со нив започнав и одлично ме изградија .. Имам многу планови за во иднина, но не би откривала ништо.
И за крај покрај обрските кои ги имаше околу снимањето на спотот „Дојди со мене“ дали најде слободно време за да одиш на одмор ?
– Имав многу обврски ова лето, но сепак најдов малку време да се одморам. Бев на викенд во Грција и недела дена во Охрид, преубаво си поминав, се одморив, но сакам уште. 🙂

Пронајдете не на следниве мрежи: