Во ексклузивното интервју за Пулс24, популарната фолк-пејачка Елена Велевска откри дел од идните планови кога станува збор за нејзината кариера, детали од приватниот живот и што е најбитно од сѐ – што најатрактивната пејачка на нашата сцена ја прави среќна!Мајка сте на три деца. Колку добро успевате да избалансирате помеѓу родителството и обврските, со оглед на тоа дека сте една од најбараните пејачки на македонската фолк естрада?
Елена Велевска: За сѐ она кое се сака, се наоѓа време. Ова кое го работам го сакам и го работам со многу љубов, но приоритет ми е семејството, моите три деца и сопругот. Многу пати досега имам кажано дека имам среќа да имам сопруг како што секоја жена, девојка би посакала, сопруг кој многу ми помага и на кој сум му неизмерно благодарна.
Според Ваше мислење, дали има завист и љубомора на македонската естрада?
Елена Велевска: Како и во секоја професија, така и во оваа има завист. Многупати сум ја почуваствувала од страна на мои колешки. Многу често моите фанови знаат да ми кажат дека некоја моја колешка направила иста или слична работа како мене. Кога ја започнував мојата кариера пред 22 години, понудив нешто ново и публиката на моја среќа ме прифати. Сакам кога учат од мене, сакам кога сум им пример, може нескромно ќе звучи, но реалноста е таа кога си на врвот сите сакаат да бидат околу тебе.
Познати сте по тоа што секогаш имате да кажете добар збор за секого. Како реагирате кога не налетувате на ист третман од страна на колегите?
Елена Велевска: Среќна сум на секој успех на мој колега, сакам кога прават нешто ново и се успешни во тоа. Немам никаков проблем нешто кое ми се допаѓа да го споделам на социалните мрежи, а е дело на мој колега, што не можам да кажам дека е така и од другата страна. Кога ќе знаете кој сте, кога ќе имате јасна цел и публика која го прифаќа тоа, нема никаква причина за завист, барем од моја страна.
Дали сметате дека фолк музиката е повеќе прифатена кај нас или во земјите од дијаспората?
Елена Велевска: Да ме прашавте до пред некое време ќе кажев дека тоа е дијаспората, но во последно време на мое големо задоволство работите се менуваат. Медиумите започнаа да нѝ даваат поголем простор. Без поддршка од медиум сме никој и ништо.
Колку младите ја слушаат фолк музиката кај нас?
Елена Велевска: Младите во Македонија се жедни за македонска фолк музика. Слушаат македонска музика, на секој мој настап има сѐ повеќе млади и што ми е најдраго бараат моја авторска музика. Кога нешто создаваш со љубов, не може да не биде прифатено.
Што им препорачувате на младите пејачи кои допрва треба да се пробијат на нашата музичка сцена?
Елена Велевска: Да бидат свои, да не копираат никој, од самиот почеток да си создадат свој стил по кој ќе бидат препознатливи, да работат на себе, да вложуваат во својата кариера, да снимаат спотови. Со сето ова успехот е загарантиран. Еве погледнете ме мене.
Важите за најатрактивна пејачка на нашата естрада. На што се должи Вашиот изглед?
Елена Велевска: Ви благодарам на комплиментот. Кога сте исполнет и среќен не може поинаку да изгледате. За себе можам да кажам дека сум среќна жена, мајка, сопруга, имам публика на која ѝ се допаѓа сето она што го правам, настапувам, зар треба нешто повеќе?
Како една успешна пејачка и мајка на три прекрасни деца го поминува слободното време?
Елена Велевска: Слободно време речиси и да го немам, но и она малку кое го имам го поминувам со семејството и во теретана.
Според Вас, која е најважната работа во животот?
Елена Велевска: Семејството. Дефинитивно за мене најбитна работа е семејството, нема ништо поубаво од тоа кога ќе се вратам уморна од некое патување, турнеја, настап и кога ќе ме пречекаат топли прегратки од моите дечиња.
Од каде најмногу црпите инспирација за песните?
Елена Велевска: Благодарение на моите настапи знам што публиката сака и се прилагодувам според тоа. Песните кои ги имам испеано пред 10, 15 години денес се хитови. Не сум некој кој сака по секоја цена да сними нешто колку да ме има, сакам тоа да е квалитетно. Затоа е и оваа пауза кога се моите авторски песни во прашање.
Што може во иднина да очекуваме од Вас?
Елена Велевска: Веќе е време за нова песна. Подолг период се работи на истата. За таа песна очекувајте и видео спот кој ќе биде поразлично од сѐ она кое што публиката го видела од мене. 22 години сум веќе дел од естрадата, имам доволно материјал за концерт за кој веќе наголемо размислувам, но за тоа треба многу време. Сакам мојот концерт да се памети и сигурна сум во тоа дека ќе успеам, зашто имам одличен тим на соработници. Но, сѐ во свое време.
Порака до читателите на Пулс24.
Елена Велевска: Бидете секогаш информирани за сѐ што е ново за македонската фолк музика и читајте Пулс 24.
Подготви: Ирина АнчевскаМајка сте на три деца. Колку добро успевате да избалансирате помеѓу родителството и обврските, со оглед на тоа дека сте една од најбараните
Пронајдете не на следниве мрежи: