Еленски Мост – Македонско градителско чудо

Дали некогаш сте го посетиле мостот Еленски скок кој е вистинско сведоштво на умешноста на македонските ѕидари?Дали некогаш сте го посетиле мостот Еленски скок кој е вистинско сведоштво на умешноста на македонските ѕидари?
Изграден е на Мала Река која што се влива во Радика, на 600 метри од Бошков мост на патот Дебар-Гостивар. Со невообичаена градба и архитектура, со материјалот со кој е граден и поставеноста во просторот, овој мост е голем предизвик за секој фотограф. Бистрите и пенливи води на Мала Река која се создава од Тресонечка и Гарска Река, целосно го исполнуваат коритото.
Ви ги претстауваме трите легенди за тоа како мостот го добил своето име според која го добил своете име.
Според првата легенда мостот е изграден во знак на сеќавање на момчето кое за да ја одбрани честа на својата девојка, убил еден турски бег. По настанот Турците пратиле силен аскер за да го фатат. Гонето од нив, тоа бегало и стигнало до надојдената Гарска река. Во тој момент на очај и безизлез за момчето од шумата се појавиле самовилите и го претвориле во прекрасен елен кој со леснотија ја прескокнал реката. Подоцна, во знак на сеќавањето на настанот, но и како благодарност до самовилите селаните го изградиле мостот.

Другата легенда раскажува за бегот кој со својата војска се обидувал да улови еден елен којшто постојано им бегал и никако не допуштал да му се приближат. Иако бил ранет, еленот не им се предавал ни во оној моменткога бегството речиси било невозможно. Кога се нашол на брегот на Гарска река, не двоумејќи се, скокнал на другиот крај на реката и таму починал. Восхитен од неговата храброст и истрајност во тоа да не му се предаде на непријателот, самиот бег наредил во негова чест да се изгради мост што ќе го симболизира тој судбоносен скок на еленот.
Во последната, но и најпозната легенда се раскажува за тоа како еден ден на планината Стогово, во близина на селото Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледнал, ловџијата бил маѓепсан од топлиот поглед, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали. Така ловџијата и еленот се спријателиле и се дружеле секој ден. За средбите со еленот, ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат, го сретнале и се обиделе да го фатат. Но еленот почнал да бега за да не стане плен на непознатите луѓе. Се обидел да ја прескокне реката, но не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и еленот си ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, прочуените мајстори од Могорче го соѕидале овој чудесен мост.
Ако се одлучите да го посетите овој невообичаен мост за еленот чијшто скок немаше да биде фатален ако не беше прогонуван од човекот, тогаш во никој случај не смеете да ја пропуштите приликата да го посетите и манастирот Св. Јован Бигорски кој се наоѓа во негова непосредна близина.Дали некогаш сте го посетиле мостот Еленски скок кој е вистинско сведоштво на умешноста на македонски

Пронајдете не на следниве мрежи: