Елон Муск, милијардерот кој стои зад приватната компанија која организира летови во вселената „SpaceX“, вели дека наскоро ќе го открие концептот за колонизација на Марс кон крајот на годината.Во сесијата „Прашај ме било што“ на Редит која се одржа на 5 јануари, Муск им рече на читателите дека деталите околу праќањето на транспортер со луѓе на Марс, ќе бидат откриени кон крајот на оваа година и дека неговиот план ќе биде поинаков од капсулата „Dragon“ и „Falcon 9“ ракетите со кои неговата компанија располага во моментов. ЛИНК
-Системот за транспорт на патници на Марс ќе биде современо дизајниран, напишал Муск на Редит.
Неговата цел е да прати 110 тони „корисни работи“.
„SpaceX“ има план да сподели идеји за модернизирани скафандери кои ќе ги исполнат очекувањата и во естетска и во практична смисла. Иако Муск не кажа точно каде ќе се употребуваат тие скафандери, постои можност дека тие ќе ја формираат основата од која ќе се одвива понатамошниот развој на иднината на мисијата за Марс.
Меѓу другото, Муск одговараше и на разни други прашања – од тоа колку часа спие дневно, до тоа кои игри ги игра.
Покрај мисијата за Марс, читателите беа љубопитни да дознаат кои други места од Сончевиот систем се добри за истражување. Еден читател одеше до таму, што прашал дали замрзнатата месечина на Јупитер, Европа е наредната цел за истражување.
-Дефинитивно таму треба да пратиме научна мисија, одговори Муск.
Доколку ве интересира, можете да го следите лансирањето на Falcon9/Dragon во живо, на НАСА ТВ.Во сесијата „Прашај ме било што“ на Редит која се одржа на 5 јануари, Муск им рече на читателите дека деталите околу праќањето на транс