Бадник го најавува големиот христијански празник Божиќ. Тој ден внесуваме бадниково гранче во нашите домови, а семејството се собира на посна вечера.Бадник го најавува големиот христијански празник Божиќ. Тој ден внесуваме бадниково гранче во нашите домови, а семејството се собира на посна вечера.
Многу обичаи за Бадник се пагански, а црквата подоцна им дала христијанско обележје. Обичаите околу Бадник ги наследивме од своите предци и уште ги одржуваме. Ова се некои од верувањата кои останале до денес:
-На бадник треба да се јаде афион, бидејќи се верува дека ќе им донесе многу пари на оние кои го јадат.
Еве зошто лепчето со паричка се крши на Василица, а не на Бадник – Прочитајте ТУКА
-Оние кои во текот на годината се скарале со некој, на Бадник простуваат и се смируваат и тоа е вистински дух на традицијата
-На Божиќ човек не треба да се опие бидејќи се смета дека ќе биде пијан цела година.
Јадења за Бадник кои ќе ви донесат среќа, здравје и плодност во домот – Погледнете кои се тие на следниот ЛИНК
-За Бадник се кршат ореви за да се види каква ни е среќата, здравјето, а кога се скршат се фрлаат по ќошињата на собите, за да кокошката изведе многу пилиња, а ако се фрлаат цели ореви, тогаш јајцето ќе биде расипано.
– После Бадниковата вечера масата не се раскрева истата ноќ, туку се верува дека ќе дојде Господ да се најаде од скромната вечера.
Во селата:
– После вечерата на Бадниковата вечер во селата сите се бакнуваат за овците да ги чуваат јагнињата.
– На Бадниковата вечер жените ги удираат мажите во слабината, а мажот жената исто, за цела година да биде куќата весела, да биде здрав домаќинот на куќата.
– На Бадниковата вечер водата од овошјата се става наутро на вимето на кравите, да бидат меки за молзење, а гравот од Бадниковата вечер се закопува во земја за да не копаат кртовите.
После Божиќ оваа работа задолжително треба да ја зачувате за здравје – Погледнете на следниот ЛИНК