Светот на технологијата се менува со неверојатна брзина, а како резултат на тоа бизнисите не смеат да си дозволат да ја чекаат иднината, тие мора да рагираат брзо на промените и да бидат спремни уште денес за она што ќе се случи утре. Со цел да го подготви бизнисот за иднината и да представи новитети од ИТ светот, се одржа настанот “Embrace the Speed of change” во заедничка организација на компаниите TDK Computers, Lexmark и Lenovo.
Меѓу присутните беа повеќе од 100 партнери и соработници на TDK Computers, а фокусот беше на новото порфолио на производи и услуги и успешните практики за раст на бизнисот.
Во првиот дел од настанот презентерите на Lexmark го претставија брендот, предностите од користењето на Lexmark уредите за печатење, како и начините за правилно менаџирање на самите уреди и потрошниот материјал. Беа претставени Managed Print Services (MPS) решенијата кои што ги нуди Lexmark во делот на менаџирање на процесот на печатење кој што вклучува безбедносни решенија за ласерските и мултифункциските уреди, укажувајќи на важноста за заштита од протекување на доверливи информации.
“Lexmark е секогаш во чекор со најновите технологии. Се потпираме на обратната врска која ја добиваме од нашите корисници и ги произведуваме најдобрите решенија во светот на печатењето кои ја задоволуваат сечија потреба.” – изјави Андреас Киликас, генералниот менаџер на компанијата Инфолекс, која го раководи бизнисот на Lexmark во регионот.
Во вториот дел од настанот најпопуларниот компјутерски бренд Lenovo ги претстави своите најнови бизнис производи, системски решенија и серверски конфигурации. А посебен фокус беше ставен на Тhink серијата, која ги влучува докажано револуционерните лаптопи, специјално дизајнирани да ги задоволат потребите на бизнис корисниците и да им овозможат поголема продуктивност и беспрекорно работење дури и во екстремни услови.
“Ги прифаќаме предизвиците и создаваме иновации. Дизајнираме производи кои се еден чекор понапред од другите, притоа обезбедувајќи вредност за нашите корисници.” – изјави Јовко Атанасов, регионален менаџер на Lenovo.
Lenovo и Lexmark му се заблагодарија на долгогодишниот партнер, компанијата TDK Computers, која е нивниот официјален претставник за Македонија. Директорот на TDK Computers, г-дин Јордан Димитровски од своја страна изјави: „Lenovo и Lexmark се докажани иноватори кои се грижат за потребите на своите корисници. Среќни сме да ја обележиме нашата соработка и да ги претставиме и пред македонската публика нивните последни иновации. Како и секогаш, се движиме во чекор со светските трендови и ветуваме дека и македонскиот бизнис ќе има пристап до најмодерните и ефективни ИТ решенија.”
Пронајдете не на следниве мрежи: