Беким Максути познат на јавноста од 2012 година кога во униформа на АРМ заедно со тогашниот министер за одбрана Фатмир Бесими се поклони пред споменикот на УЧК во Слупчане не доби виза од премиерот Емил Димитриев за нов заменик-министер.На листата испратена до Собранието, со министри и заменик-министри предложена од лидерот на ДУИ Али Ахмети и потпишана од Димитриев, недостига само името на Максути. Собраниете денеска на пладне треба да ја гласа новата постава на ДУИ во „Илинденска“.
Дека некој од предложените кандидати за нови владини функционери е проблематична, навести вчера и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој рече дека со Ахмети имал подолг разговор и дека на ДУИ и требало уште малку време за анализа на кандидатите.
Според листата со официјалните предлози за нови министри и заменик-министри, јасно е дека Максути не поминал кај ВМРО-ДПМНЕ, но и дека Ахмети не предложил ново име на негово место. Сега официјалната листа наместо 12 предлози за нови министри и заменици, брои 11 кандидати. Од ДУИ засега нема информација дали ќе предложат ново име на местото на Максути или до изборите Владата ќе функционира без заменик-минстер во ресорот одбрана.
Во 2012 година по инцидентот во Слупчане тогашниот заменик- министер за одбрана Емил Димитриев, а сега премиер, тогаш побара дисциплинска одговорност за него и тој да биде казнет.
Извор: ДневникНа листата испратена до Собранието, со министри и заменик-министри предложена од лидерот на ДУИ Али Ахмети и потпишана од Димитриев, недостига само