Да имаш успешна приказна и успешен бизнис зад себе не е лесно, посебно на денешно време. Но успехот не би бил комплетен доколку не го споделиш и не направиш некој среќен. Токму тоа го направи сопственичката на познатиот бутик Инфинити – Емилија Пенова.Емилија за млада девојка матурантка од С.О.С Детско Село беше добрата вила и и помогна на оваа девојка да заблеска на денот кој за сите кои завршуваат со средното образование е посебен. Девојката од глава до пети беше дотерана и облечена со помош на оваа хумана македонка. Својата хуманост и големо срце не го покажува прв пат, веќе неколку пати Емилија е дел од вакви проекти во соработка со С.О.С Детско Село.
„Несебичноста и желбата за помош и да подариш некому радост е одлика на големите луѓе!“ – рече Емилија.
Бутик Инфинити е познат по соработка со многу јавни лица од ТВ медиумите, водителките Милена Антовска и Ивана Наскова се само дел од успешната приказна на брендот Инфинити.
Во бутикот може да ги пронајдете најмодерните парчиња облека и да заблескате на вашиот посебен ден, но она што е цел на оваа сторија е хуманиот гест.„Сите заслужуваат да бидат дотерани и убави на денот од својата матура! Не секој може да си го дозволи тоа, а сакам, навистина сакам сите да на овој ден се чуствуваат убаво!
Ова е само мал гест со кој сакам да помогнам и можеби нема да направи некоја голема промена, но сепак е почеток и радоста на лицето на оваа млада девојка е најубавиот подарок за мене“ – вели младата сопственичка.
Ние го поздравуваме овој гест и повикуваме сите да се вклучат и да помогнат колку што можат да за секој млад матурант или матурантка овој ден биде посебен и бар за момент да заборават на немаштија, проблеми со пари и да се фокусираат на убавите работи кои ги носи периодот кој следи по завршувањето на средно образование! Браво Емилија!Емилија за млада девојка матурантка од С.О.С Детско Село беше добрата вила и и помогна на оваа девојка да заблеска на денот кој за сите кои з